Нови 83 производи за шминкање се веќе на нашите полици...од нашата природна сертифицирана dm марка - alverde. Дознајте ги сите новитети и производи и уживајте во новата природна убавина, која ќе Ви ја подари новата декоративна козметика од alverde.

 

Декоративни производи за лице 

 

Со природни, рефлектирачки минерали, новите производи за Вашиот тен ќе ја истакнат Вашата природна убавина, а на Вашата кожа истовремено ќе и пружат нега и заштита од надворешните влијанија. Во асортиманот на на новите шминки од alverde можете да најдете, течни, камени и пудри во прав за лице, руменила, основи за шминкање, како и многу други додатоци, потребни за одржување и истакнување на Вашата природна убавина.

 


 

Производите од alverde природната козметика во својот состав содржат изобилство на благородни масла како јојоба, хибискус, камилица, како и млечни киселини, кои овие производи ги прават, покрај декоративини, во одредена мера и негувателни.


 


 

Декоративни производи за усни 

Кој не би сакал природно да ги истакне своите усни, а притоа ефектот да биде заводлив и неодолив. Со новите производи за усни од alverde сега ова е навистина едноставно. Новите балзами, моливи за усни, кармини, креми и пилинг за усни со негувателни состојки како витамин Е, масло од бадем, масло од јојоба ќе Ви овозможат незаборавен изглед, совршена нега и прекрасна овошна арома.
Дозволете Вашите усни да го добијат заводливиот нежен природен изглед во кој сите ќе се заљубат, вклучувајќи Ве и Вас.
 


 

Декоративни производи за очи
Заводлив поглед, интензивен и истакнат, а сепак природен. Понекогаш треба да оставите очите да зборуваат и да ја раскажат Вашата приказна. Перфектно стилизирани трепки и веѓи, во природни бои и совршено прецизна контурна линија околу вашите очи. Супер едноставно и лесно..отсега со Duo маскарата, геловите за веѓи и моливчињата за очи од alverde.


 

Отсега достапни во сите dm дрогерии во Скопје, Тетово и Велес. Побарајте ги новите полици за шминки од alverde и уживајте во поголемата прегледност која ќе Ви го олесни пазарувањето.