Серуми за лице

it´S SKIN!

Тајните на корејската убавина сега достапни ЕКСКЛУЗИВНО на нашите полици!

It’S SKIN VC vitam C серум за лице 30 мл

VC серумот за лице со концентриран С витамин (Ascorbyl tetraisopalmitate) и екстракт од зелен чај, го отстранува меланинот на местата каде се појавуваат хиперпигментации (темни дамки) и на тој начин ја ублажува видливоста на темните флеки од сонце, белезите од акни и други воспалителни процеси.

It’S SKIN YE vital серум за лице 30 мл

Го стимулира процесот на регенерирање на клетките во кожата, го забрзува процесот на заздравување на кожата од оштетувања од надворешни штетни влијанија, ја подобрува текстурата на кожата, го крева нивото на влажност, ја враќа нејзината енергија, одбранбена способност и виталност

It’S SKIN SYN-AKE серум за лице 30 мл

Aктивна anti-aging компонента, создадена во лабораторија и се означува како ,,алтернатива на инванзивните anti-aging процедури’’ или најчесто како ,,алтернатива на ботоксот’’. SYN-AKE е синтетички еквивалент на змијскиот отров, чија задача е да ја редуцира количината на мускулни движења.

It’S SKIN PROPOLIS серум за лице 30 мл

Mоќна и концентрирана формула на база на мед, која видно ќе ја подобри севкупната состојба на кожата благодарение на хранливите, хидратантни, анти-инфламаторни, антисептички и регенеративни својства на прополисот.al

It’S SKIN WR серум против брчки 30 мл

Power 10 Formula WR серумот е високо концентриран серум за лице против брчки со екстракти од кавијар и аденозин, кои заедно со своето заедничко дејствување докажано ја редуцираат појавата на брчки и ,,фини линии’’ и ја подобруваат еластичноста на кожата.

It’S SKIN GF хидратантен серум за лице 30 мл

Power 10 Formula GF серумот за лице е мешавина на состојки (GF mixture) за интензивна хидратација, и тоа вода од лист на гинко растението, екстракт од печурката Tremella fuciformis (Snow mushroom или Сребрено уво) и капсула со влага, видливи во самата текстура на серумот.

It’S SKIN VE сјаен серум за лице 30 мл

Со концентриран витамин Е како витална компонента за исхрана на сјајна и мазна кожа. Е витаминот, како главна компонента на серумот, ги неутрализира штетните дејства на слободните радикали кои предизвикуваат оштетувања на кожата и со тоа ја забрзува нејзината регенерација.