Ви ги откриваме тајните на мазно и негувано лице. 10 чекори за нега кои треба да ги применувате доколку сакате да го задржите младиот тен.

Инспирирани од далечниот исток, поточно од Јапонија и Кореа, ви претставуваме еден сѐ повеќе растечки тренд за нега на лице. Имено, жените од овие земји, се познати по нежното и мазно лице и младата кожа. Нивната тајна се крие токму во рутината за нега која ја практикуваат. 


 


 

ЧЕКОР 1: темелно отстранување на шминката. 

Нанесување на лосион со мицели при отстранувањето на шминката се препорачува, бидејќи, покрај тоа што темелно ќе ја „извади“ шминката, ќе ги измие и сите останати загадувања, на кои е изложено вашето лице.
 


 


 

 


 

ЧЕКОР 2: нежно измијте го лицето. 

По чистењето со мицеларни производи, следува средство за миење лице. Со гел за чистење лице може темелно да се отстранат сите остатоци од нечистотии, шминка или пот од лицето. Овој метод се нарекува „метод на двојно чистење“ и ни помага како подготовка за следните чекори.
 


 

 


 


 

ЧЕКОР 3: направете темелен пилинг.
Чистењето за затворените пори, отстранувањето на мртвите клетки од кожата и допирањето до нов слој на светла кожа се едни од придобивките од пилингот. Пилингот не се препорачува секој ден, туку 1-2 пати во текот на неделата. Без разлика дали е хемиски или физички, пилингот е еден на најважните чекори во негата кај корејските жени. Се препорачува да се користи умерено.
 


 


 


 

ЧЕКОР 4: тоник за лице. 

Тоникот има улога да ја хидрира кожата и да ја подготви за третманите кои следуваат. По неколкукратното чистење на кожата, истата се наоѓа во многу чувствителна состојба, па затоа ѝ е потребна длабинска хидратација. Препорачуваме тоникот да не го нанесувате со памучен туфер, туку да го сипете на дланките и директно да се измиете.
 


 


 

ЧЕКОР 5: дополнителна хидратација. 

Уште еден додаток за хидратација на лицето. Користете есенција, која е специјален производ и претставува хибрид од тоник и серум. Припадничките на понежниот пол, овој чекор го сметаат за најважен во оваа рутина, бидејќи есенцијата помага за регенерација на клетките и екстремна хидратација. Се нанесува така што ќе го натапкате на лицето со врвовите од пристите. Кореанките се познати по тоа што овој производ го нанесуваат дури и во 7 слоеви.
 


 


 


 

ЧЕКОР 6: серум, бустер или ампули.
Прецизен третман против специфичните проблени на кожата: уморна кожа, проширени пори, пигментација, брчки, акни ... Овој чекор е посебно важен, поготово ако имате некој од горенаведените проблеми. Овие специфични третмани во својот состав содржат некои од следниве состојки: витамин Ц, хијалурон, колаген, еластин и многу други.
 


 


 


 

ЧЕКОР 7: sheet маска за лице. 

Длабинска исхрана за кожата и хидратација во вид на маска (марамица) натопена со серум. Оваа не е задолжителен чекор за секој ден, но препорачливо е да се повторува 2-3 пати неделно. Покрај тоа, маската ќе ви пружи еден вид на домашен СПА третман од 15-20 мин., колку што е потребно и да ја држите маската. Најчесто се користат маски за хидратација или со витамин Ц.
 


 


 


 

ЧЕКОР 8: крем за околу очи.
Борбата против темните кругови и брчките околу очите секако е секојдневна рутина. Кожата во овие предели е посебно нежна и затоа треба посебно да се третира. Жените од Јапонија, но и други, пред сѐ бираат хранлив крем кој го хидрира и штити ова чувствително подрачје. Се нанесува со прст, со нежно тапкање на зоната (не треба да се трие).
 


 


 


 

ЧЕКОР 9: крем за лице.
Најважно е да одберете крем кој одговара на вашиот тип на кожа. Ова претставува клуч за свеж и млад изглед на лицето. Улогата на кремот е да ја хидрира и да ја задржи влагата и свежиот изглед на кожата. Се нанесува со благи движења и се препорачува да се користи секојдневно.
 


 


 


 

ЧЕКОР 10: производ со заштитен фактор од сонце. 

Последен, но и не неважен чекор е нанесување заштита од сонце. Ова го спречува предвременото стареење на кожата, а е клуч за младоликост и квалитетна кожа. Доколку се изложувате на сонце, потребно е да користите креми со заштитен фактор, кои не се масни, а со тоа не ја оптеретуваат кожата дополнително.