Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Kay Pro и Lakme

Ви претставуваме неколку новитети во нашиот асортиман за нега на коса. Kay Pro и Lakme ни носат нови врвни производи за нега на Вашата коса. Прочитајте подолу кои се нивните карактеристики и одберете ја вашата омилена линија.


 

Kay Pro Ботокс Шампон 

Шампон за обнова со растителни пептиди за сериозно оштетена коса која има тенденција да се крши. Нежно чисти и истовремено помага за обнова на внатрешноста. Специфична формула која придонесува за враќање на природниот баланс на протеините во влакното.

Начин на употреба: Се нанесува на мокра коса, се масира и се измива.

 

Kay Pro Ботокс Спреј  

Спреј за обнова со растителни пептиди за сериозно оштетена коса која има тенденција да се крши

Прави интензивно обновувачко дејство на влакното на косата, го зајакнува, регенерира и ја подига неговата отпорност.

Начин на употреба: После миење на косата со шампон, се впива водата од косата со пешкир. Косата се дели на секции и секој прамен убаво се напрскува со спрејот. Се расчешлува. Се остава да стои 5 минути. Не се плакне.

 

Kay pro Ботокс маска. 

Маска за обнова со растителни пептиди за сериозно оштетена коса која има тенденција да се крши.

Богатата, густа и крем формула го затвора влакното помагајќи да се обнови влакното однатре. Ефикасно ја расчешлува косата.

Начин на употреба: После нанесување на спрејот се нанесува од маската по целата должина на косата. Се остава да стои 5 минути и се плакне косата.

 

  

Kay Pro Хиалурон Шампон 

Шампон за волумен со хијалуронска киселина за слаба, кршлива коса со недостиг на тело 

Нежно ја чисти косата, создавајќи ревитализирачка супстанца за да ја пополни и згусне косата и да ја направи повеќе еластична, додавајќи тело и мекост. Заштитува, дава сјај и навлажнува без да додава тежина.

Начин на употреба: Се нанесува на мокра коса, се масира и се плакне.

 

 

 

Kay Pro Хиалурон Филер 

Филер за зацврстување на тенка и кршлива коса.

Начин на употреба: На претходно измиена коса со шампонот се нанесува од филерот по должината и врвовите. Со кружни движења се масира се додека не се впие. Косата се расчешлува и се остава да делува 5 минути. Не плакнете.

 

Kay Pro Хиалурон Кондиционер 

Спреј кондиционер за волумен со хијалуронска киселина за слаба, кршлива коса со недостаток на тело
Ја омекнува косата без да додава тежина, овозможувајќи ефикасен зацврстувачки и осветлувачки ефект. Додава тело и волумен на косата, правејќи ја лесна и свиленкаста.
Начин на употреба: Откако ќе отстои филерот не се плакне и се продолжува третманот со Хиалурон кондиционерот. Се распрскува подеднакво на влажна полусува коса. Се остава да дејствува 1-2 мин., потоа се топи косата со малку топла вода и се расчешлува. Детално се плакне и се продолжува со обликување. Пред употреба добро се протресува производот.

 

  

Lakme Bio Argan шампон 

Хидратантен шампон за коса со 100% Био-Арганово масло. Без Сулфати.

Предности: 

  • ​Спречува сушење на косата
  • Ја зачувува бојата
  • Нежен за косата
  • Косата лесно се обликува
  • Без Сулфати
  • За сите типови на коса

Начин на употреба: Се нанесува на влажна коса, се масира и плакне.

 

Lakme Bio Argan Маска 

  • Хидратантна маска за коса со 100% Био-Арганово масло.
  • Длабински ја хидрира и регенерира косата.
  • Ќе ви го врати сјајот, мекоста и еластичноста.
  • Штити од штетните надворешни влијанија: временски промени и фенирање/пеглање.
  • Со Агенс против кршење на влакното.

За сите типови коса.

Начин на употреба: На измиена коса, се нанесува од маската, се остава да делува 5 минути и се плакне.

 

 

Lakme Bio Argan Серум 

100% Био-Арганово масло.

Длабински ја хидрира косата, без да ја измрси.

Косата станува послушна, а на допир свилена и мазна.

Прави третман на распуканите врвови и целосно го храни телото на влакното.

Штити од штетните надворешни влијанија: временски промени и фенирање/пеглање.

Со Агенс против кршење на влакното.

За сите типови коса.

Начин на употреба: Се нанесува на влажна или сува коса. Не се плакне. Се обликува.