НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ДЕЗОДОРАНСИ! 

Двојно изобилие, а иста големина на пакувањето, подобрена формула за сигурна заштита и висококвалитетни благородни парфимирани масла...Ова се предностите кои Ви ги нудат новите компактни дезодоранси од Balea!

 

За секого по нешто... 

Возбудливо миризлив или спортски свеж...Дезодорансите со шест различни благородни мириси и  благородни парфимирани масла, како и анти-бактериски состојки кои спречуваат создавање на непријатни миризби, ќе Ве убедат во своето неверојатно дејство уште при првото нанесување. Благодарение на супер силната формула за заштита од потење, дејството на дезодорансите е сигурно и долготрајно. Создадени целосно без употреба на алуминиум!


 



 

Дезодоранс или анти-транспирант? 

Класичните дезодоранси не содржат алуминиумски додатоци. Анти-бактериските додатоци го спречуваат развојот на бактерии и на тој начин делуваат против лошите миризби. Дополнително, преку употреба на парфимирани масла, дезодорансите ќе се погрижат за прекрасна свежа арома во текот на целиот ден!

Анти-транспирантите го намалуваат зголеменото производство на пот, односно неговото појавување на површината на кожата. При овој процес, голема улога играат алуминиумските соли, со стеснувањето на потните жлезди, без притоа целосно да ја прекинат нивната примарна функција. Малото количество на пот, кое сепак ќе избие на површината на кожата, ќе биде неутрализирано благодарение на анти-бактериските состојки и мирисите.
 


 


 

48-часовно чувство на екстра сува кожа 

Новите анти-транспиранти ќе Ви дадат сигурност во секоја прилика. За прв пат во нивниот состав е употребена новата иновативна состојка „Diatomite“ која е специјално развиена за сигурна апсорпција на влажност. Миризливите капсули кои се содржани во анти-транспирантите, иницирани од телесната топлина, континуирано испуштаат парфеми, кои ги неутрализираат непријатните мириси.


 


 


 

 


 


 

Двојно изобилие – Како функционира новата компакт технологија во Balea дезодорансите! 

Со примена на конзервирана, високо-ефективна и делотворна формула, како и ефикасната технологија на распрскувач, се удвојува бројот на апликации во споредба со секојдневните дезодоранси. Со самото тоа, вкупната содржина од 200 мл е всушност еднаква на 400 мл!