Тетовирањето како уметност е стара речиси колку и самиот човек. Тетоважите постојат во безброј форми и бои, но сите имаат заедничкa особина: служат да ја украсат кожата! За да може најдобро да го заштитиме ова уметничко дело и да го одржиме што е можно подолго во сјајна форма, потребна е посебна нега.
 

Со своите нови производи Balea излегува во пресрет на сите љубители на tattoo-уметноста. Смирувачката маст е развиена специјално за свежо тетоврана кожа. Нејзините благородни состојки ја смируваат иритираната кожа и нудат едно посебно нежно чувство на истата. Но негата не завршува тука...по заздравувањето на иритациите од tattoo иглите, треба да се потрудиме тетоважата да го задржи оној првобитен квалитет и убавина што е можно подолго. Лосионот за одржување на боите од Balea е создаден токму со таква намена. Со помош на УВ заштиниот филтер, лосионот ќе се погрижи за долготрајно одржување на свежината на боите, а со тоа и на самата тетоважа.

 


 

Balea Tattoo лосион за нега на тетоважи, 200 мл - 189 мкд
Balea Tattoo маст за нега на тетоважи, 50 мл - 109 мкд

 

Balea лосионот за нега на тетоважи е специјално развиен за одржување на бојата на уметничките дела на нашето тело. Лосионот ќе се погрижи за интензивноста на бојата на тетоважите и ќе ја снабди кожата со потребната хидратација. Специјалната негувателна формула со пантенол, алантоин и бисаболол ќе се погрижи, Вашите тетоважи да останат свежи и блескави долго време по тетовирањето. 

 

Негувателна и смурувачка маст за нега на свежо тетовирана кожа. Изработена специјално за нега на иритираната кожа од тетовирањето. Со посебно развиена хидратантна формула со пантенол и екстракт од кора од бреза, Balea Tattoo мастта ќе се погрижи за перфектна еластичност на иритираните делови на кожата. Формулата, која содржи и алантоин и бисаболол делува смирувачки на кожата. Со пантенол масло од бадем и шеа путер.