SUMMER OF HAPPINESS!

 

Да запловиме заедно во едно незаборавно лето...полно со радост, сонце, шаренило, незаборавни ароми и незаборавни моменти! А никој не го прави подобро тоа од Balea...повторно нѐ изненадува со нова линија на производи...неверојатно шарени, неверојатно ароматични и неверојатно летни...за незаборавно Summer of Happiness!


 

Во новата линија на производи од Balea "SUMMER OF HAPPINESS" можете да пронајдете:
гел за туширање, шампон за суво миење коса, пена за бричење, маска за лице, течен сапун и освежителен спреј за лице и тело!
 


 

Balea гел за туширање Kiss The Wave 300 мл 

Дерматолошки тестиран, ph-неутрален и наменето за чувствителна кожа. Почувствувајте се како да ги бакнувате морските бранови, а тоа направете го во својата бања. Уживајте во аромата на еден ден поминат на море!


 

Balea  шампон за суво миење на коса 200 мл 

Со цветен мирис. Без миење на коса. Не ја масти косата. Наменет за светла коса. Силно да се протресе пред секоја употреба.

Употреба: косата темелно да се исчешла. За заштита на облеката ставете светла крпа на рамениците. Одделни прамени на сува коса испрскајте ги рамномерно на оддалеченост од 20 см. Кратко оставете да делува. Поминете ја косата со крпа и внимателно расчешлајте ја. Доколку има остатоци, отстранете ги со фен. Косата вообичаено обликувајте ја.


 


 



 

Balea Moonlight Fever пена за бричење, 150 мл 

Употреба: навлажнете ја кожата.Боцата добро протресете ја пред употреба,ставете од пената во рака и рамномерно распределете на деловите од телото на кои треба да ги отстраните влакната. По бричењето темелно исплакнете.


 

Balea маска за лице 1 парче 

Интензивно ја хидрира кожата. За сите типови на кожа.

Употреба:  маската да се нанесе на исчистената кожа на лицето. Да се остави да делува 10 мин. и потоа да се отстрани. Остатоците нежно да се измасираат. Маската е за еднократна употреба. 


 


 

Balea Pool Party спреј за лице и тело, 150мл 

Освежителен на портокал и лимон. Ја освежува и хидрира кожата. Разладување за време на работа,спортување и слободно време.

Употреба: испрскајте на лицето и телото и оставете да делува и да се исуши. За посебна свежина шишето да се чува во фрижидер. Дерматолошки тестирано.



 

Balea течен сапун Beach Palms 300 мл 

Со овошно-свеж мирис. Дерматолошки тестиран и докажан.