Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Balea Summer Edition

 

Летото со целиот свој раскош е веќе пристигнато. Во овие период и на нашата кожа ѝ е потребен еден друг, поинаков вид на нега, која е приспособнеа на надворешните услови и влијанија. Нови ароми и нови состојки за нова свежина.

Токму затоа и Balea лансира нови Limited Edition производи, чии ароми и комбинации на состојки се приспособени на претстојните надворешни влијанија.

Така и ова лето, новите производи од Balea може да се најдат на нашите полици...производи со кои ќе можеме да уживаме во топлите денови со неверојатните тропски ароми и комбинации. 
 

Во продолжение ви ги претставуваме новите линии:


 

 

Balea Cosy Thailand гел за туширање, 300 мл - 69 мкд 

Balea Cosy Thailand дезодоранс, 200 мл - 69 мкд 

Balea Cosy Thailand течен сапун, 500 мл - 69 мкд
Balea Cosy Thailand лосион за раце, 100 мл - 89 мкд 


 

Удобно уживаме во топлото време ...со новите мирисни комбинации на лотус и кокосово млеко- неверојатна комбинација на ароми која ќе ги разгали вашите сетила. Посебната формула за неа со одбрани состојки ќе ја заштити вашата кожа ѝ ќе и пружи екстра порција хидратаија, притоа и неверојатно свежа арома.


 

Balea Relaxing Bali гел за туширање, 300 мл - 69 мкд 

Balea Relaxing Bali течен сапун, 500 мл - 69 мкд
 

Relaxing Bali линијата ќе се погрижи за релаксирано лето. Кремаста текстура со арома на Јава- јаболко и гуава ќе ги осежат вашите сетила, а специјалната рецептура ќе ја хидрира вашата кожа и ќе ја заштити од сушење.


 

Balea Hawaiian Beach шампон, 300 мл - 69 мкд
Balea Hawaiian Beach лосион за тело, 200 мл - 105 мкд
 


 

Кокос и цветови од портокал се комбинацијата која ќе ги донесе Хавајските острови во вашата коса и на вашето тело. 


 

Balea California Love лосион за тело, 200 мл - 105 мкд
Balea California Love спреј за тело, 200 мл - 149 мкд
 

Одлична комбинација на ароми и состојки, како лимета и боровница, кои ова лето Balea ви ги става на располагање за во вашето катче за нега.
 


 

Balea Green Vietnam гел за туширање, 300 мл - 69 мкд 

Зелена вегетација, тропска клима и тропски овошја - тоа е Виетнам. А гелот за туширање, со комбинација од помело и лимета, ќе ве освежи ова лето и ќе ги одведе вашите сетила на едно посебно ароматично патување на Далечниот Исток.