БИДИ ЕДИНСТВЕНА, НЕ СОВРШЕНА! 

Нашата нова Beauty кампања има интересна мисија: враќање на автентичноста и уникатноста на луѓето во центарот на вниманието!

Оваа пролет целото внимание го насочуваме кон темата убавина. Но по свои правила. Со оваа кампања ги истакнуваме токму оние луѓе кои се доволно храбри да се покажат во „вистинско светло“, онакви какви што се, како и оние кои гордо стојат позади нивниот автентичен и несовршен изглед.

 

Биди единствена, не совршена. 

Фитнес фанатици, Beauty кралици и слики од „рајски“ одмори...во изминатите годините на соцјалинте мрежи приметливо е дека на многу луѓе важно им е само да се прикажат самите во „најдобро светло„ .

dm  стои зад автентичноста на луѓето. Од таа причина, ставиме крај на перфекционизмот и на потребата да му се допаднеме секому. Се одлучивме за кампања која не е насочена кон комфортот на широките маси, туку кон почитта на уникатноста и единственоста на секој еден човеч. Се збогуваме со притисокот кој ни се врши дека „секој мора да биде убав„ и дека убавината всушност е  „отсликување некој идеал“.

 


 


 

 

Перфекционизам? Не ни е потребен. 

Преку новата Beauty кампања даваме јасен сигнал против сѐ поприсутната едноличност на нашето време. Ги истакнуваме токму оние луѓе кои се доволно храбри да се покажат во „вистинско светло“, онакви какви што се, како и оние кои гордо стојат позади нивниот автентичен и несовршен изглед.. Ние сакаме вистински луѓе, луѓе со маани и недостатоци...бидејќи тие едноставно се дел од нас и нѐ прават тоа што сме...единствени“. 

Перфекционизам е едноставно досаден. Нашата порака е: „Да се биде единствен е многу поубаво отколку да се биде совршен“.

 


 


 

Истакнување наспроти каширање! 

Несовршеностите се оние работи кои мамат погледи, они се тие кои го прават човекот попривлечен и поатрактивен. Ние ќе ви покажеме како вашите недостатоци да ги  претворите во ваш најголем адут.

Протеза за заби или пак растојание меѓу забите? Ставете кармин!

Кој некогаш носел протеза го познава тоа чуство многу добро. Кога и да ја отворите устата помислувате дека често мамите погледи.  Зошто тогаш не почнете самоуверено да провоцирате, да го извадите најдоброто од себе и да се истакнете...да се поставите во  центарот на вниманието.


 


 

Кој вели дека светли типови на кожа мораат да користат децентни бои? 

Светлата кожа често се покрива со пудра и бронзер, со цел нејзино затемнување. Зошто? Ние го  обожуваме сканиднавскиот тип на светла кожа, бела коса, бели трепки и веѓи –таквиот самовилски изглед сакаме да го истакнеме.  Со помош на хајлајтер и руменило тоа е многу едноставно. И секако секако немаме ништо против тренди темни бои за усни.
Брчките раскажуваат приказна... 

... и едноставно тие се дел од животот. Брчките сепак ги прават жените поатрактивни. Од таа причина користите секојдневно пилинг за лице како малку руменило и хајлајтер и вашето лице повторно ќе сјае. Наглаесте ги вашите веѓи и нанесете малку сјај за усни…и така тенот ќе се истакне пред брчките.


 

Пеѓи посакува сега секој ! 

Со оглед на тоа можете да бидете горди на себе дека ги имате. Употребете само лесна тонирана ББ крема, како не би изчезнал вашиот препознатлив знак. Потоа, со кремасто руменило и хајлајтер истакнете ги вашите пеѓи. Внимавајте при шминкање на очите и ставете земјени тониви кои одлично ќе ги хармонизираат вашите пеѓи.

 

Тенки усни- со  сјај за усни ќе се најдете брзо во центар на вниманието.

Бушави веѓи – не ги кубете – туку со гел за веѓи направете убава форма.