Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Мисија: мазни и нежни нозе!

Грижа која е секогаш присутна кај современите жени кои се грижат за својот изглед и нега на телото е секако потребата за нежни и мазни нозе. 

Несаканите влакненца се отстрануваат на најразлични начини: со бричење, депилирање или ласерски. 

 

Бричење: 

Најефтин и секако најбрз метод за отстранување на несаканите влакна е секако оној со помош на брич и гел за бричење. Да бидетет сигурни дека тоа го правите на правиот начин Ви приложуваме мал потсетник за бричење: 

1.       Кожата се препорачува најпрвин да ја потопитете со топла вода затоа што таа ја прави кожата мека и го олеснува процесот на бричење. Најпрактично е бричењето да го извршите за време на туширање или веднаш после него. 

2.       Најверојатно ќе морате да експериментирате со бричевите се додека не го најдете оној кој и одговара на Вашата кожа. Не заборавајте дека е потребно редовно менување на бричевите зато што старите бричеви предизвикуваат исекотини. 

3.       Не го позајмувајте својот брич на Вашиот партнер затоа што мажите имаат погруба кожа па тоа ќе придонесе моментално иступување на жилетот. Немојте и вие да го позајмувате бричот од партнерот затоа што е познато дека мажите навистина не го сакаат тоа. 

4.       Намачкајте ги нозете со гел за бричење или обичен гел за туширање и земете го бричот во рака. 

5.       Влакненцата растата надолу, во правец на стопалата. Важно е бричењето да го правите во обратен правец од растот на влакненцата. Значи движењата треба да бидат од зглобот па нагоре, кон коленото. 

6.       Не е потребно бричот да го притискате до телото туку само нежно да го поминете пределот кој сакате да го избричите. После секое движење исплакнете го бричот со вода. 

7.       Кога ќе завршите со бричењето исплакнете ги нозете и намачкајте ги со лосион за тело. 

Депилација:

Иако е бричењето безболен начин за отстранување на влакненцата  од нозете, депилацијата сепак дава неспоредбено подобри резултати. Вистина е, постапката на депилирање на нозете со восок трае многу подолго и може да биде лепливо, но не е токлу комплицирано и можете да го направите тоа и сами во Вашиот дом еднаш месечно. 

Да! Еднаш месечно или на секои пет, шест недели, зависно од брзината на растот на влакненцата. 

Се што треба да направите е да го стоплите восокот во сад со топла вода, да го нанесете восокот во тенок слој на нозете, на восокот ставете лента, стиснете ги забите и со брзо движење повлечете ја траката во спротивен правец од растот на влакната, во правец од зглобот кон коленото. Постапкате ја повторувате се додека не ги извадите сите несакани влканенца. На крајот, намачкајте ги нозетет со лосион за тело, по можност некој кој содржи салицилна киселина, затоа што што тој ја спречува појавата на подкожни влакна. 

Депилирањето не е многу пријатно, но е секако многу поефикасен метод од бричењето затоа што со депилирање влкната се вадат од корен. Со тоа го постигнуваме резултат на поспоро растење на влакната и нивно изретчување. 

 

Во dm продавниците побарајте се што Ви е потребно за успешно отстранување на несаканите влкана: бричеви, пени и гелови за бричење, восок и ленти за депилирање, креми за депилација, како и спрееви за осветлување на влакненцата кои не сакате да ги остраните.