Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Маски

Маските за лице и коса ни се на сите нас многу добро познати и се речиси незаменлив дел од нашиот прибор за нега и убавина. Но какви други маски може да најдете на нашите полици?

Во продолжение ви претставуваме некои интересни маски со кои ќе можете да си пружите нега од глава до пети:


 

Пилинг маската на REVUELE ќе го направи вашиот педикир совршен. Најновата технологија овозможува да се постигне перфектно мазна и нежна кожа после првата употреба. Една од состојките на маската е уреата, која ефективно го измазнува површинскиот слој на кожата на стапалата. Млечната киселина пак, придонесува за природно и ефективно отстранување на тој слој. Пилингот не ја иритира кожата и помага во процесот на регенерација на клетките.

 


 

MBeuty маската за раце има улога да ги храни и хидрира ноктите и кутикулите. Маската содржи состојки како путер од какао, соја протеин, колаген, арганово масло и макадамија, кои длабински ги хранат и хидрираат рапавите и слаби нокти, правејќи ги ноктите и кутикулите хидрирани и здрави, а рацете меки.

 


 

За помазна и поздрава кожа на нозете, задникот и колковите ви ги препорачуваме антицелулитните ленти на Balea кои помагаат површината на кожата да се изедначи и да се намали присуството на целулит. Комплексот Cellu-Aktiv3 со морска сол, кафеави алги и кофеин има трикратен ефект: стимулирање на микроциркулацијата и активирање на метаболизмот. Покрај тоа, ја зголемува еластичноста на кожата. Со редовна употреба, во комбинација со нежна масажа, докажано е дека се намалува количината на целулит.

 


 

Длабокото дејство на хранливи материи овозможува интензивна хидратација на косата. Кератинот и аргановото масло помагаат во заздравувањето на кршливата коса. Составот на маската е без силикони, а резултатот е – интензивно негувана и еластична сјајна коса.


 


 

It’S SKIN маската за лице со морков има улога да ја ревитализира и храни кожата, подобрувајќи го нејзиниот целокупен изглед. Богата е со витамин А, кој ја смирува иритираната кожа од негативните надворешни влијанија. Меката и воздушеста маска за интензивна нега содржи природни и свежи состојки, погодна e за сите типови на кожа и за секојдневна употреба.