Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Сега, во борбата против целулитот!

 

Познато е дека целулитот не бира жртви меѓу женскиот пол. Речиси сите жени на денешницата, без оглед на нивната висина, тежина, возраст и раса, во одреден момент во својот живот добиваат целулит.
Првите знаци на целулит се забележуваат веќе во адолесценцијата.

Причините за непривлечен изглед на женското тело, за феноменот познат како кора од портокал или душек феномен, се многубројни: слаба циркулација, хормоналната нерамнотежа, процесот на породување, генетика, недоволно вежбање....
Овие масти се од 3 до 5 милиметри под кожата, во основите на сврзното ткиво.Тие предизвикуваат деформација на кожата. Обично влијаат на бутовите, задникот, стомакот и горниот дел на рацете. Важно е да се напомене дека целулитот не е болест и не влијае на здравјето, но тоа е дефинитивно знак дека нешто во стилот на живот не е како што треба.

Целулитот е кожен проблем, па не значи дека ќе ја изгубите тежина кога ќе се ослободите од целулитот.
Покрај тоа што треба да се води контрола на она што го внесуваме во организмот, сепак клучно е да се вклучат повеќе движење и вежбање во секојдневниот живот, некои спортови, како што се пливањето.
Во првата фаза целулитот е видлив само при допир или притисок, во втората фаза на масните клетки стануваат јасно видливи нерамномерности,  додека во третата фаза,  кожата станува потенка и ја губи својата еластичност, испакнатините стануваат болни на допир.
Вистината е дека не постои производ или метод со кој можете да го отстраните целулитот. Најдобро што можете да го направите за себе и за вашето тело е да се обидете да живеете здраво, неоходно е повеќе движење, внесување на големо количество на вода во организмот, како и редовно масажа на целулитот, бидејќи масажата ја стимулира циркулацијата на крвта.

Ако користите креми и лосиони морате да се заложите често и редовно да ги применувате производите, во спротивно нема да имате никакви резултати. Антицелулитна масажа со производи наменети за тоа, во првиот месец треба да ја правите два пати на ден, а веќе од вториот месец  доволно е еднаш на ден.

Дали сакате да ја спречите појавата на целулит?

Бидете сигурни дека имате доволна количина на вода во организмот, бидејќи водата го подобрува метаболизмот и помага во елиминација на токсините. Заменете го кафето со чаеви кои ја потпомагаат циркулацијата на крвта, на пример чај од коприва. Избегнувајте зачинета храна и не заборавајте дека солта ја задржува водата во телото. Внесувајте храна богата со витамин Ц.
Во dm продавниците ќе најдете антицелулитни програми за сите типови на кожа. Производот се нанесуваат еднаш или двапати на ден, со масажа со кружни движења во критичните области.