Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Трајна торба за цел живот!


Драги наши,

сакаме да Ве известиме дека dm е активно вклучена во еко кампањата, за намалување на потрошувачката и користењето на пластичните кеси, со цел, заштита и зачувување на животната средина. Оваа идеа е успешно реализирана во 12 земји ширум Европа, каде што беше примена со големо задоволство од страна на купувачите и доведе до горомна заинтересираност и бројни замени на пластичните кеси со ТРАЈНИ ТОРБИ за повеќекратна употреба. Купувачите имаат можност, со активно учество во кампањата, од 01.10.2015 година да ја набаваат оваа трајна торба за ЦЕЛ ЖИВОТ! Но што значи навистина тоа за цел живот? Токму така како што и звучи...доколку трајната памучна торба од dm некогаш Ви се оштети, истата ќе Ви биде БЕСПЛАТНО заменета во нашите дрогерии!


 

Само во Македонија месечно се трошат повеќе милиони кеси, кои завршуваат во природата, а нивното разградување трае 400 до 800 години. Токму од таа причина решивме во нашата понуда да ги вклучиме трајните торби и со тоа да пробаме да ја намалиме потрошувачката на пластични кеси. Затоа Ве повикуваме и Вас да се приклучите кон оваа кампања и заедно да придонесеме ЗА ПОДОБРО УТРЕ! 


 

Интересно!
dm како концерн од 2012 
 година е член на оранизацијата WWF Climate Group со што се обврзува на активно намалување на CO₂ емисијата за 15%.