Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

ВОЛШЕБНИ ПРАЗНИЦИ


Ги правиме празниците волшебни и донираме новогодишни пакетчиња за деца од Тетово, Битола и Скопје.
 

Скопје, 12.2019: И оваа година, традиционално под мотото „ЗАЕДНО едни за други“, организиравме новогодишен караван во чии рамки подаривме пакетчиња на деца од три институции во Тетово, Битола и Скопје. Во акцијата беа вклучени учениците и штитениците од: Завод за рехабилитација на деца со оштетен  слух, глас и говор и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола; Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Тетово и Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром – дневен центар „Доза среќа“ во Скопје.

Ова е трета година по ред како работиме на оваа голема хуманитарна мисија, а покрај пакетчињата, за најмалечките приредивме и специјално подготвена новогодишна претстава и катчиња за цртање и дружење.

Со новогодишни пакетчиња полни со производи од нашите дрогерии и оваа година ја продолжуваме нашата хуманитарна традиција.

Покрај Скопје, сакавме да ја прошириме нашата активност и во други градови од земјава, па така одлучивме да вклучиме и институции од Тетово и Битола. Бидејќи при отворање на нашите дрогерии во овие градови дониравме во овие институции, решивме оваа Нова година на децата штитеници од овие центри да им подариме едно убаво празнично изненадување.

Минатата година, како општествено одговорна компанија им поделивме новогодишни пакетчиња на сите ученици во посебното основно училиште „Златан Сремец“, а дополнително обезбедивме и производи потребни за креативните работилници во средното училиште за деца со оштетен слух и говор „Партенија Зографски“ во Скопје.

Во 2017 година, под истата оваа иницијатива, заедно со нашите партнери и Црвениот крст на Македонија поделивме 200 подароци на социјално загрозени и бездомни лица.
 

Ние сме компанија која се обидува да придонесе за промени во општеството во кое функционира. Кампањата за укинување на пластичните кеси во сите наши дрогерии со која на нашите потрошувачи им понудивме и соодветни еколошки алтернативи e само еден од многуте примери, додека новогодишниот караван е традиционална активност со која сакаме да го направиме овој период од годината поубав и посреќен за деца од поранливи категории. Ваквиот тип на општествено корисни активности се наш заштитен знак во текот на целата година.
 

Како компанијата досега имаме овозможено голем број донации за различни ранливи категории со цел да вложиме во позитивни промени, а во план се уште многу хуманитарни и општествено-корисни активности и во претстојната 2020 година.