Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Известување

dm drogerie markt, како мерка на претпазливост, го повлекува од продажба производот dmBio ориз со долго зрно, 1000 г “, со рок на употреба до 26.10.2019 и 23.11.2019 од сите земји во кои dm е присутен на пазарот.
 

Причината за повлекувањето е сомнение дека производот со наведените рокови на траење не соодветствува со стандардите за квалитет на dm! Би сакале да ве замолиме, доколку имате набавено производ со некој од наведените спорни рокови, да не го консумирате и да го вратите во најблиската dm дрогерија во Македонија, каде средствата ќе ви бидат вратени во целост.


 


 


 


 

Бидејќи квалитетот и сигурноста на нашите производи и безбедноста на нашите потрошувачи се наш најголем приоритет, најљубезно ги замолуваме сите свои потрошувачи, доколку го имаат набавено производот со спорен рок на употреба во некоја од дрогериите на dm концернот, истиот да не го конзумираат.

Како совесни партнери на секое домаќинство, Ви се заблагодаруваме на разбирањето и довербата.


 

За секакви информации Ви стоиме на располагање на:
 

- e-mail: info@dm-drogeriemarkt.mk
- тел: 02/3222733
- Даме Груев бр. 7, 1000 Скопје 

 

Со почит,

dm дрогерие маркт
Македонија