Ретко кој од нас не сака вегански рецепти. Ние сакаме да Ви препорачаме да пробате еден неверојатно вкусен рецепт, за кој се потребни навистина малку време и состојки за подготовка.  Ви претставуваме една комбинација од путер од кикирики и печено тофу, леблебии, благи компири и црвен зеленчук.


 

Потребни состојки: 

- 2 благи компири;
- 1 брокула;
- 1 тегла dmBio леблебии;
- 3 супени лажици dmBio масло од кокос;
- 3 супени лажици dmBio путер од кикирики;
- 1 шака мини прокељ;
- 1 конзерва сушени домати;
- 1 мал кромид;
- 1 dmBio димено тофу;
- свеж копар и праз;
- сол, бибер и чили;
- природен хумус, како дресинг.
 

Подготовка: 

1. Загрејте ја рерната на 200 степени;
2. Додека се грее, исчистете ги компирите и исечете ги на кришки. Измијте ја брокулата и исецкајте ја на ситни парченца.
3. Исцедете ги леблебиите, потопете ги во вода и ставете ги во посебен сад. Додадете 2 супени лажици путер од кикирики, сол, бибер и малку чили.
4. Леблебиите рамномерно се расопредуваат во сад за печење и се оставаат да се печат 20-25 минути.
5. Исечените компири се мешаат со 1 супена лажица кокосово масло. По потреба може и да се зачини со  сол и бибер. Компирите ги додаваме во садот за печење со наутот и печеме околу 30 минути. Брокулата се меша со 1 супена лажица кокосово масло и на друг, дополнителен сад, се додава во рерна за печење, отприлика 20 минути.

6. Додека смесата „се крчка“ во рерната, додаваме 1 супена лажица кокосово масло во тавче, го додаваме исецканиот кромид и го пропржуваме, се додека не добие златно жолтеникава боја. Потоа се додаваат и прокељот.
7. Дополнително се сече дименото тофу и заедно со 1 лажица путер од кикирики се додава во тавчето со прокељот. Целата смеса се распределува рамномерно и се пропржува.
8. За крај се става готовиот зеленчук заедно со сушените домати и тофуто на една чинија и се декорира со дресингот. Дресингот можете да го приготвите со хумус и малку лимонов сок. Можете да си направите и макало од јогурт и кисела павкала, кој одговараат совршено со ова јадење.
 

 

Производи

dmBio

леблебија, 220 г

dmBio

димено тофу, 200 г

dmBio

путер од кикирики, 250 г

dmBio

кокосово масло, 620 мл