Кокос - Вкусно и здраво! 

Многу од призводите кои може да ги најдеме на полиците го носат епитетот „рајски„ , но по она што го нуди, кокосот недвосмислено припаѓа на оваа група. Покрај преубавата арома, која кокосот им ја дава на овие производи, неговите својства ја штитат и ја хранат Вашата кожа и Вашиот организам.

Малкумина знаат дека годишно се приозведуваат преку 44 милиони тони кокосов плод, факт, кој го става ова растение на листата на најкорисни растенија во светот. Со него ги поврзуваме егзотичните напитоци и тропските песочни плажи.. Всушност, неговата примена е навистина сѐопфатна!


 

Како се добиваат кокосовиот мус и кокосовото масло?! 


 

Кокосов мус
1. Од срцевината на плодот се отстранува свежата бела маса, ситно се меле, се суши и на крај се пресува.
2. Во центрифуга се мешаа кокосовиот екстракт и добиениот производ (од чекор 1), со што се добива кремаста маса. Оваа кремаста маса е целосно природна, не содржи никакви емулгатори ниту пак дополнителни несакани додатоци.

 


 

Кокосово масло
1. Се отстранува кафената кора од кокосовиот плод.
2. Во следниот чекор се сецка срцевината и во специјална „воденица за масло“се цеди ладно. По ова, маслото се пакува во специјални контејнери и е спремно за испорака. По пристигнувањето на саканата цел, маслото се пакува во посебни дози за продажба.
 


 

 Заради ова, со тек на време, во самиот производ може да се создаде кокосова масна наслага на површината. Со минимално загревање и промешување, мусот ја враќа првобитната кремаста конзистентност, без притоа да загуби на квалитет.


 

Кокосовото масло е посебно погодно за готвење, бидејќи неговата текстура дозволува загревање на многу повисоки теператури од обичните масла за готвење! Исто така ова масло својата примена ја наоѓа и како препрарат за нега на коса и тело!



 

dmBio кокосов мус, 250 г - 279 мкд
dmBio кокосово масло, 220 мл - 205 мкд
-прочитајте повеќе околу неговата примена-
 

Нега на коса 

Вашата коса во кокосот ќе најде вистински сојузник. Неговата структура делува позитивно на квалитетот на влакното, правејќи го поцврсто и посјајно. Кокосовото масло ги балансира протеините во косата, а неговата молекуларна структура продира во влакното, со што му ја враќа неопходната хидратација и заштита од надворешни влијанија. Исто така, кокосот ја штити косата од прекршување и делува превентивно против појавата на „расцветани„ врвови.
 

Нега на тело 

Кокосовите состојки се користат и во хемиската индустрија при изработка на фини лосиони, гелови за туширање и останати препарати за нега на тело. Самото присуство во овие производи, пред сѐ, ѝ ја обезбедува на кожата потребната хидратација, што одговара на сите видови на кожа. Кокосовот масло, кое е составен дел на овие производи е богато со масни киселини, кои позитивно влијаат на Вашата кожа и ја забрзуваат нејзината регенерација.


 


 

Неверојатно природен и потполн вкус на кокос, без никакви дополнителни ароми. Органски билен напирок со прекрасна нота на кокос за уживање во утрото и паузите.


 

dmBio кокосов напиток, 1 л - 199 мкд
dmBio млеко од кокос, 400 мл - 169 мкд
dmBio млеко од кокос, 200 мл - 109 мкд
 

*Во процесот на обработка и производство на кокосово млеко, од еден кокосов плод се добива отприлика 200 грама кокосово млеко! 

Здраво и вкусно 

Додека е сѐ уште во својот цут, недозреаниот кокос дава здрав млечен напиток, богат со калциум и минерали, а секој поединечен плод содржи отприлика еден литар од оваа течност. Кога ова млеко ќе се помеша со некое егзотично овошје, како на пример манго, добиваме неверојатно освежителен напиток. Белиот дел од кокосот се користи најчесто во кулинарството  при приготвување на десерти и слатки. 
Дополнително производите од кокос може да се користат и како неверојатно освежување за време и по оброците. За тоа Ви ги препорачваме прекрасните кокосови води, природна и со вкус на манго.

 


 

dmBio кокосова вода, Natur, 330 мл - 99 мкд
dmBio кокосова вода, Mango, 330 мл - 99 мкд
 


 


 


 

Интересно - Како се произведува кокосовата вода? 

1. Недозреаниот плод од кокос се бере и се отстранува зелената кора.
2. За да може да се изолира водата од плодот, во срцевината на плодот се прават три дупчиња, низ кои се цеди водата. За добивање на 1 литар течност, потребни се отприлика 2-3 плода.
* Кората од кокосот исто така наоѓа своја примена, посебн во производствениот процес на растителен јаглен, односно кокосов активен јаглен.