Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Амарант

Ви ја претставуваме една од најстарите житарки, која векови наназад е составен дел од главните прехрамбени намирници на Јужно Американскиот континент. Амарантот како јадење е популарен уште во древната цивилизација на Инките, а со развојот на технологијата, оваа житарка почнува да се користи и како составен дел на многу козметички производи.
 

Но да се задржиме на исхраната. Амарантот е совршен прилог на зеленчук и месо. Исто така може да се користи како додаток во пудинг за појадок, но и за производство на рафиниран леб. 


 


 

dmBio амарант, 500 г - 159 мкд


 

Научна определба: 

Ботаника не го брои Амарантот како останатите житарки од кои се создава леб, туку тој спаѓа во фамилијата на штир.

 

Од каде потекнува: 

Најчесто може да се најде во Мексико, Перу, Аргентина, Боливија како и Индија и други азиски држави.

 

Општа наука: 

Името од овие мали зрна потекнува од грчкиот збор „Amaranthus“ кој значи бесмртност.

 

Каде и за што се употребува Амарант: 

Зрната од Амарантот служат за повеќе потреби. При нивното варење го шират мирисот на орев. Многу разновидни видови на оброци можат да се спремат брзо и лесно, како на пример супа, во комбинација со зеленчук како и благи оброци. Зрната можат да се кршат, но и да се мелат. Брашното од Амарант сепак не е соодветно за печење бидејќи не содржи доволно глутен, како при печење би добило на волумен.  Но ако додадете Амарант во смесата за леб тоа би било одличен додаток во вашата исхрана.

 

Состојки: 

Малите зрна содржат ретки состојки, кои ретко се гледаат на планот за храна. Амарантот содржи речиси 3 пати повеќе богати хранливи состојки со цинк во споредба со житарките од полно зрно, а содржи скоро двојно повеќе железо, како и магнезиум и калциум. Со сите овие состојки Амарант е одличен и богат хранлив оброк.