Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Зошто токму dmBio?

Еко ознаки и сертификати на dmBio производите - како да ги прочитате? 

За да знаете што точно купувате, потребно е да ги запознаете ознаките кои се наоѓаат на самите производи. dmBio производите поседуваат различни ознаки, а ние ќе Ви помогнеме да ги дознаете нивните значења. Ознаките на пакувањата на производите нѐ информираат за потеклото на производот, како и за самите материјали кои се користени при нивното настанување.
 

Германската државна Еко ознака (BIO)


 

Како да ја препознаете? Германската државна еко ознака е зелек шестоаголник, во кој, на бела позадина пишува BIO nach eg-öko-verordnung - односно, во склад со еколошките регулативи на ЕУ.


 

Што означува? dmBio производот на кој се наоѓа оваа ознака ( а тоа е секој dmBio производ) содржи најмалку 95% состојки, кои се со органско потекло. Со тоа, овј зелен шестоаголник, гарантира дека состојките во dmBio производите не се третирани со синтетички пестициди, ниту пак се создадени со помош на лесно разградливи минерални ѓубрива.


 

ЕУ логотип за еколошко произведена храна


 

Како да го препознаете? Многу едноставно. ЕУ логотипот за еколошко произведена храна е со зелена боја и на него се наоѓаат 12 ѕвезди во облик на лист.


 

Што означува? Сите dmBio производи го поседуваат овој логотип на своите амбалажи, што е знак за гаранција дека производите се во склад со прописите и условите за органско производство на Европската Унија. Уште попрецизно - минимум 95% од состојките на dmBio производите доаѓаат од органско производство.


 

Зошто постои овој логотип? Воведен е со цел, купувачите полесно да ги препознаат производите од органско потекло и служи како гаранција за купувачите дека производите се во склад со прописите за органско производство на Европската Унија.
 

FSC ознака - совет за надзор на шумите


 

Како да ја препознаете? FSC ознаката можете да ја препознаете преку стилизираното стебло, под кое стои исписот FSC - Forest Stewardship Council (совет за надзор на шумите).


 

Што означува? FSC ознаката на производите се однесува конкретно на амбалажата на производите, т.е. на материјалите кои се користени при изработката на амбалажата. Со ознаката се гарантира дека, производителот е свесен за важноста на форсирање на еколошко одговорни и социјално корисни практики, како и корисно и еколошко одржување на шумите и шумските ресурси. Стандардите на FSC осигуруваат стандардизирано одржување на шумите после сечење на дрва, се грижат за зачувување на квалитетот на водите, како и забрана за сечење на стари шуми, т.е. користење на средства кои негативн се одразуваат на околината и здравјето.

Зошто е ова важно? Шумите ни осигуруваат чист воздух и вода и претставуваат природен „магацин„ за јаглерод диоксид, ни осигуруваат градежен материјал, како и храна и други производи. Шумите претставуваат дом за многу растителни и животински видови.