Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

dmBio Гоџи бобинки!

Гоџи бобинки – спаѓаат во групата на високоенергетска „суперхрана“. 

Со оваа „титула“ можат да се закитат само овошјата и семињата кои имаат посебно висок процент на хранливи состојки, односно супер намирници или храна која е хранливо исклучително многу богата. Не постои друго растение со толку многу антиоксиданси, аминокиселини, есенцијални масни киселини, минерали, витамини и други корисни состојки. Затоа Гоџи бобинката е супериорно овошје! 
Содржи 18 аминокиселини. Од нив, дури осум се есенцијални, односно се незаменливи, бидејќи не се синтезират од човечкото тело. Дури 21 минерал, меѓу кои антиканцерогениот германиум, потоа содржи калциум, калиум, железо, фосфор, натриум, цинк, селен, јод и други, 29 видови есенцијални масни киселини, кои се потребни за да се одржи производството на хормони за правилно функционирање на мозокот и нервниот систем, 6 основни витамини: Ц, комплекс Б витамини, неопходни за претворање на храната во енергија (Б1, Б2, Б6), потоа витамин E (ретко го има во овошјето) и провитамин А (исто колку и во морковите), Циперон, Б, Бетаин, соединение кое црниот дроб го користи за продукција на холин, кој ја смирува нервозата, ја подобрува меморијата и штити од замастување на црниот дроб. Гоџи е најбогат извор на бета-каротен од сите познати намирници.

Гоџи бобинките..

- го зајакнуваат имунолошкиот систем,

- го успоруваат процесот на стареењето

- даваат сила и енергија

- имаат анти-бактериски својства

- ја подобруваат циркулацијата во целиот организам

- го подобруваат видот

- ја зголемуваат еластичниста на кожата


 

dmBio сушени гоџи бобинки, 150 г
Редовна цена: 365 мкд
 

Бројни истражувања покажуваат дека, малата гоџи бобинка, според своите анти-оксидациски својства е една од најмоќните билки во светот.
Гоџи бобинката (lat. Lycium barbarum) е дрвенеста билка во вид на грмушка, која дава многу вкусен и лековит високоенергетски плод. Расте на Хималаите каде веќе со векови се користи, не само како храна, туку и како природен лек.

Ја нарекуваат и „среќна бобинка“ или „црвен дијамант“, поради нејзиното позитивно влијание на расположението и среќата на луѓето. Истовремено, на телото му дава сила, издржливост и виталност за долг и здрав живот.


На почетокот на 21 век, нивната популарност станува сѐ поголема, кога резултатите од медицинските истражувања го потврдија нивното благородно дејство врз општото здравје на луѓето и во борбата против стареењето.

Гоџи бобинкa (Goji berry) познатa и како Волчјa бобинкa има долга традиција на користење во исхраната и во билната медицина во многу азиски земји, вклучувајќи ја и Кина.

Гоџи бобинките не се фармацевски лек, но се едни од најдобрите природни додатоци во исхраната кој се во корист на целиот организам.

Нивниот сладок вкус потсетува на суво грозје, исто така може да се купат во форма на чај и сок.