Ви претставуваме нов бренд во нашиот асортиман: PROTEINI.SI 

Брендот PROTEINI.SI нуди широк спектар на протеини и производи за  протеинска исхрана за спортисти и спортски активни. Погледнете ги новитетите во нашиот асортиман.


 


 

Протеински мусли со чоколадо и карамела 250 г 

Здрав оброк со високопротеинска вредност. Јадењето на повеќе протеини во текот на денот може да ja намали желбата за храна и закуски доцна навечер. Затоа, доручекот кој е богат со протеини може да има моќен ефект.
Предлог за сервирање:  Измешајте ги муслите со млеко или со некој друг млечен производ и имате готов појадок.
Редовна цена: 199 мкд

 


 


 

Протеински путер од кикирики со какао 450 г
Вкусен крем кој не содржи шеќер и палмино масло. Протеините придонесуваат за раст и одржување на мускулната маса, и помагаат во одржувањето на коските во нормална состојба. Дополнително, ако сакате да ја намалите вашата килажа, имајте предвид дека треба да ги замените калориите и маснотиите со протеини. Овој крем, кој ќе го засакате после првиот залак, може да ви биде достојна секојдневна замена за оние кои содржат повеќе калории.
Редовна цена: 845 мкд 


 


 

Протеински штанглици 55 г
Безглутенски штанглици кои се одличен извор на растителни влакна и витамини.  Една од последиците при процесот на стареење, е тоа што мускулите значително заслабнуваат. Јадењето на повеќе протеини може да помогне во тоа да се намали мускулната загуба при стареењето. Овие штанглици кои може да ви бидат замена за доручек, или пак да ви бидат десерт, доаѓаат во четири вкуса: млечно чоколадо, банана и чоколадо, кокос и чоколадо, и црна рибизла со јогурт.
Редовна цена: 85 мкд
 


 

 

Путер од кикирики, 1 кг
100% крцкав путер од кикирики кој е совршен извор на протеини и растителни влакна. Внесувањето на повеќе протеини во текот на денот, не само што ќе ви помогне во загубата на килограми, туку и ќе ви помогне да ја задржите таа килажа  долго време. Овој путер не содржи шеќер и палмино масло. Погоден е за вегетаријанци.
Редовна цена: 669 мкд 


 


 

Протеински нудли 250 г
Здрав оброк кој содржи 40% протеини, 40% помалку калории од обичните тестенини и мала количина на шеќер. Консумирање високопротеински оброк во текот на денот, може да ја подобри работата на метаболизмот, воедно помагајќи да се загубат повеќе калории. Што е најважно – овој оброк може да го имате подготвен за 5 минути.
Инструкции за подготовка: Оставете ги да зовријат во 1 л вода, во која ќе ставите 5 г сол, додека не постигнат соодветна конзистентност. Доколку сакате помеки тестенини, оставете ги да зовријат уште неколку минути.
Редовна цена: 255 мкд 


 

 

Протеински крофни 60 г
Протеински крофни достапни во два вкуса:  чоколадо и боровница. Истражувањата покажуваат дека протеините помагаат во тоа да се чувствувате позаситени, со помалку храна. Со овие крофни кои содржат 13 г протеини и мала количина на шеќер, не само што ќе останете заситени, туку ќе добиете и многу вкусен десерт.
Редовна цена: 115 мкд 


 


 

  

Сируп со чоколадо 320 мл
Чоколаден сируп после чие консумирање нема да чувствувате вина. Содржи 0% шеќери и маснотии. Што е најважно – вкусен е и не содржи лактоза. Исто така, погоден е за вегани.
Редовна цена: 289 мкд 


 


 

Протеински шејк од ванила 330 мл
Ако сакате да загубите килограми, да ја подобрите работата на метабилзмот, или да добиете мускулна маса и сила, бидете сигурни дека внесувате доволна количина на протеини. Со овој шејк од ванила ќе добиете 2 работи во 1 - вкусен напиток и 25 г протеини. Воедно, тој не содржи лактоза и маснотии.
Редовна цена: 129 мкд