Smoothie-то како напиток сѐ повеќе зазема место во нашето секојдневие. Посебно тренди можеме да го наречеме зеленото smoothie, поготово во овој период од годината, кога стаува составен дел од исхраната на сите оние кои сакаат да ги намалат вишокот килограми или пак да го обликуваат своето тело..и секако сите оние кои го претпочитаат здравиот начин на исхрана.

А неговата припрема е навистина едноставна: сѐ што имаме зелено при рака и многу овошје и зеленчук.

 


 

Оние кои се спремни да експериментираат со нивните smoothie-ња еве неколку предлози од нас: 

 

★ Малку овошје, неколку зелени ливчиња од зеленчук по желба и вода – повеќе навистина и не ви е потребно. Помала конзистенција значи подобро и побрзо варење на храната.

 

★ Употребувајте секогаш повеќе овошје од зеленчук. Горчливиот вкус на зеленчуковите ливчиња бара повеќе привикнување.

 

★ Зелените smoothie-ња се и највкусни кога се свежо приготвени. Но и доколку ги чувате во фрижидер може да се задржат звежи и до 3 дена.

 

★ Зрелите плодови се полесно подносливи и сварливи во организмот. Покрај тоа се и поблаги.

 

★  Експерименитрањето не само што е дозволено, туку и препорачливо. Колку повеќе експериментирате со состојките толку поширок спектар на витамини ќе внесете во вашиот организам.

 

★ „Зачинете“ ги напитоците со ванила или цимет.

 

★ Препорачливо е, доколку сте почетник, првата доза да ви биде една чаша, па полека со текот на деновите да ја зголемувате дозата, според тоа како вашето тело реагира на „новите“ состојки и зголемената доза на суровини.

 

Неколку едноставни рецепти за почетниците: 


 

   Благо smoothie: 

   • 1 манго

   • 4 банани

   • 125 г листови спанаќ

   • вода


 

   Класично smoothie: 

   • 2 грста млади листови спанаќ

   • 1 јаболка

   • 1 банана

   • ½ авокадо

   • ½ неизлупен лимон

   • вода


 


 

Smoothie од зрнесто овошје 

• 2 полни раце салата ( најдобро од зелка)

• спанаќ

• 3 грста зрнесто овошје

• 1 банана

• вода

 

Посебно smoothie:

• ½ диња

• 125 г свеж спанаќ

• 100 мл сок од компири

• сок од лимон

• неколку коцки мраз


 

Во зависност од тоа какво smoothie претпочитате, со додавење на вода (повеќе или помалце) вашите зелени напитоци ќе бидат погусти или поретки.