Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Што се органски производи и како да ги препознаете?

Органските производи се производи добиени од строго контролиран начин на производство, кој е законски регулиран и се нарекува органско производство.

Органските производи се безбедни, без присуство на вештачки материјали и хемиско синтетички пестициди. Со самото тоа тие се поздрави и имаат поголема нутритивна вредност. Истражувањатата покажуваат дека органските производи содржат дури и 63% повеќе калиум, 73% повеќе железо, 125% повеќе калциум и 60% повеќе цинк од производите добиени од конвенционалното производтсво.

Органските производи, поради начинот и процесот на добивање, кој е во хармонија со природата, имаат поголема животна енергија и сила, а токму таа е одговорна за одржување на виталноста на човековиот организам.

Посебно се истакнува значењето на примена на органска храна во исхараната на децата.

 

Зошто органски производи: 


 

  • Не ја загадуваат животната средина (вода, воздух, земја)
  • Се заснова на користење на природно постоечките односи и интеракции во природната средина (биолошки циклуси и зачувување на биодиверзитетот)
  • Ја почитува природната еколошка рамнотежа
  • Користи одржливи извори на енергија

Како да ги препознаете органските производи? 

Ве советуваме без разлика на тоа дали купувате во супермаркет или специјализирани продавници за здрава храна, обратете внимание на тоа дали на амбалажата постпои знак "органски производ" и лого од сертифицираната куќа која е одговорна да го прати целиот процес на производство.


 

Eko сертификат

 

Еко сертификатот е ознака за квалитет и заштитен знак со кој се означени производи од еколошјко потекло, а се гарант за придржување кон одредени еко стандарди и рестрикции. Дека производителот ги задоволува критериумите за овој сертификат, се докажува преку обврзувачко поднесување на потребна документација и редовна контрола на производите. Дали производителот се придржува до строгите еколошки стандарди за производство на Европската Унија, се контролира од страна на независни сертификаторски тела.


 

Германска државна Еко ознака (BIO)


 

Германска државна Еко ознака, шестоаголниот зелено-бело-црн симбол, воведен во  Септември 2001 година во склоп на аграрните рефори, со кои во Германија започнува означување на производи кои ги задоволуваат критериумите за еколошко производство на Европската Унија. Намирниците кои го носат овој сертификат:


 

  • не семат да бидат изложени на јонизирачко зрачење;
  • не смеат да бидат со генетски модифицирани организми;
  • не се прскани со синтетички пестициди и лесно топливи минерални ѓубрива;
  • процентот на состојки произведени по конвенционален пат не смее да биде повисок од 5%;
  • не семат да содржат дополнително додадени засладувачи, ароми, бои и емулгатори, како и помошни адитиви кои се забранети;
  • увозот на суровини за производство од трети земји е по посебни одреби и строго контролиран;
  • во догледувањето на животни мора да се земе предвид специфичностите на сите животински видови;
  • животните мораат да бидат хранети со храна од органско производство, без употреба на антибиотици.


 

Во асортиманот на dm ќе најдете повеќе од 200 органски производи кои се произведени според овие високи стандарди!

Од храна за готвење преку додатоци во исхрана, па сѐ до брзи ужини: dmBio; Bio Cosmos; Green Food...како и органска храна за бебиња: dmBio; babylove, Hipp...