Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Куркума

Куркумата, во Индија позната и како "Haldi" е зачин, кој се добива од коренот на растениото Curcuma longa, чијшто подземен корен содржи активни состојки – куркуминоиди – како што се куркуминот, деметоксикуркуминот и биздеметоксикуркуминот, на кои им се припишуваат мноштво здравствени придобивки. Со потекло од Јужна Азија, ова растеније векови наназад се користи во индијската кујна, а припаѓа на фамилијата „ѓумбир“. За да се добие зачин од куркума, коренот се вари, суши и меле, по што се добива портокалово-жолт прав, со силен земјен, благо горчлив и лутеникав вкус.


 

Покрај неговата примена во кулинарствто, куркумата наоѓа и бројни други примени. 
 

За лице:
 

★ За лечење акни - заради своето антисептичко и антибактериско дејство, куркмата е вистиснки Ваш пријател во борбата против акните.
 

★ Маска за лице за масна кожа - го реулира производството на маст на кожата. Направете мешавина со 3 големи лажици сок од портокал и 1 1/2 лажичка прашок од сандаловина и нанесете ја на лице. По 10-15 минути, измијте со млака вода.
 

★ Маска за лице за сува кожа - со мешање на една белка, две капки маслиново масло, лимунов сок и малку куркума, можете едноставно да си направите маска за лице против сува кожа.
 

★ Третман против брчки - сѐ што Ви е потребно е да измешате прав од куркума, ориз во прав и доматен сок и да го нанесете на лице и на вратот. По 30 минути само исплакнете со млака вода.
 

★ Намалете ги знаците на стареење и стриите - како обичен пилинг, во комбинација со брашно од леблебија и куркума помешано во вода, млеко или јогурт.
 

★ Смирување на изгореници - куркумата може лесно и брзо да ги ублажи изгорениците благодарение на антисептичкото дејство. Едноставно измешајте куркума со гел од алое вера и нанесете на местото.
 

★ Отстранување влакна - направете пилинг за лице со помош на прав од куркума, брашно од леблебија и вода. Аплицирање на оваа смеса на лицето може да доведе до намален раст на влакненца. За оптимални резултати се препорачува употреба од 1 месец.

 

За коса:
 

★ Лечење првут - перутот и другите промени на скалпот може да бидат третирани со прав од куркума и маслиново масло. Нанесете пред бањање на коса и оставете да отстои 15 минути, а потоа измијте со природен шампон.
 

★ Опаѓање на коса - Нездрава исхрана, стрес и болест се најчести причинители на губитокот на коса. Куркуминот, состојка на куркумата, може да ја успори оваа активност. Помешан прав прав од куркума во мед и млеко може да биде навистина корисна во процесот на псречување на паѓањето на косата.
 

★ Природна боја за коса - нејзината силна жолта нијанса може да се користи како природна боја за осветлување на влакното. Во комбинација со чај од камилица, шафрон или невен, нанесете ја на коса и оставете да делува 15-20 минути. Измијте и уживајте во „пожива“ боја на коса.
 


 

Во продолжение Ви претставуваме неколку производи со куркума во нашиот асортиман.
 

dmBio – овесен напиток со црн чај и куркума 

Неодоливо благ и вкусен овесен напиток со црн чај и курмума за секој период од денот. Неговата златна боја одлично се соединува со ароматичниот цимет во чајот како и со слаткиот микс од овес. Напитокот уживајте го лесно изладен. Повеќе од Био - dmBio.

 

San Sebastian TURMERIC Curcumin овозможуваат концентриран внeс на активната состојка куркумин во организмот, за оптимални резултати во превенција со споменатите состојби, бидејќи во својата природна форма, ризомот од куркума содржи мала концентрација на куркумин. San Sebastiаn TURMERIC Curcumin содржи и пиперин (BioPerrine) - активната состојка на црниот бибер - којшто ја зголемува апсорпцијата на куркуминот во организмот и до 20 пати повеќе.

 

BIO COSMOS TURMERIC куркума во прав. Начин на употреба: Како природен зачин за јадења, се додава во ориз, варива, супи и сл. Се дозира по вкус. Нутритивна вредност (100 г во просек содржи): Енергија 367 KCal, масти 9,9 г, јагленхидрати 58,2 г, протеини 7,8 г. Не содржи ГМО. Да се чува на суво место, во добро затворено пакување.