Човек како и сите други - ПОСЕБЕН!

Што значи да се биде човек во dm? Новата кампања го покажува тоа.

Тука сум човек, тука купувам! Тоа е слоганот кој повеќе од 20 години го одликува нашето работење. Но што всушност е „човек“?
 

Токму оваа тема ја разработува новата кампања: Поимот човек го објаснуваме преку неговите посебни својства и обележја. Сите ние носиме со себе одредени карактеристики, како храброст или сочувство, но некои од нас се посебно засегнати од овие особини...и уште повеќе, тие нѐ прават она што ние навистина сме.


 

Вистински луѓе, вистински приказни.

Ви ги претставуваме луѓето од нашата нова кампања. Тука не станува збор за глумци, тука станува збор за вистински луѓе, кои пред камерата ни ги раскажуваат нивните лични приказни и животни искуства, кои ги прават она што денес се. Посебни!


 

Парвис: Доктор и Dj.
 


 

Една од личностите на новата кампања се вика Парвис, доктор и Dj кој сака да им помага на луѓето во секое време и на секој начин.
 

Го запознаваме Парвис, човекот кој работи како анестезиолог, а во своето слободно време е активен како DJ.  „Гоа“ музиката е неговата медитација, нешто што го ослободува од секојдневниот стрес. Ја одбра медицината, бидејќи сака да им помага на луѓето.
 

Парвис е човек како и сите други - ПОСЕБЕН!


 


 


 

Клаудија е повеќе од 9 години слепа. Во овој период успева да развие посебна способност: Резилиентност. Клаудија има неверојатна способност да се справува со предизвиците.
Клаудија ја користи оваа способност и како повод за промени и подобрување. Таа црта, иако е слепа. За неа ова воопшто не е контрадикторно, бидејќи како што вели: „Кога цртам, тогаш гледам, тогаш не сум слепа“.
 

Клаудија е човек како и сите други - ПОСЕБЕН!


 

Клаудија црта иако е слепа.
 


 


 

Маријане - активната пензионерка.
 


 


 

Ја запознаваме Маријане, жената која иако е долги години во пензија, активна е и повеќе од многу млади луѓе.
 

Слободното време го користи да им помага на децата да научат да читаат, а остатокот од времето го минува како келнерка во кафуле во Виена. Ја обожува новата генерација, а „нејзиниот јазик го зборува течно“. 
 

Маријане е човек како и сите други - ПОСЕБЕН!


 

Но какво значење има ова во корелација со dm? 

Почит и внимание во секојдневниот однос со луѓето. Ова е нешто што е длабоко врежано во филизофијата на компанијата. Не само во односот кон купувачите, туку и во секојдневниот живот во компанијата, кон колегите, соработниците и сите оние со кои доаѓаме во контакт. 

Почитта значи достоинствено признавање и прифаќање на луѓето онакви какви што се...однос, кој за жал во денешно време не е нешто што се подразбира, а затоа за нас е најрелевантен фактор во изградбата на нашиот однос.