Зорица Тодорова 

Дефинитивно најдобриот шампон кој сум го користела до сега! Косата ја прави нежна и мека како свила и мириса прекрасно! Презадоволна сум и го препорачувам на сите.

  

Симона Нечовска: 

Одличен е,ја прави косата мека,а притоа и убаво мириса.
 

  

Андријана Велковска 

Производот има моќна формула за сјај на косата. Доволно е двапати неделна употреба. Препорачливо за личности кои ја фарбаат својата коса.
 

  

Ема Тошевска 

Мојот прв впечаток за овој производ е WOOW! Го препорачувам за девојки кои имаат проблем со сува и оштетена коса. После шампонирањето нема никаква потреба од дополнителен регенератор. Ако до сега не можевте да се справите со заплеткана коса после секое миење, сега тој проблем слободно може да кажете дека е решен. Го препорачувам на секоја девојка, мајка, жена.
 

  

Кристина Митреска 

Шампонот е прекрасен. Многу убаво мириса , а косата ја прави мека и ѝ дава волумен.  
 

  

Катерина Јаневска 

Шампонот е одличен! Имам сува коса и тој шампон многу ми одговара. Косата ја прави мека и убава.
 

  

Ана Ристовска 

Balea Frangipani & Perle шампонот уште при првото миење на косата се покажа како доста ефективен, косата доби на сјај и стана помека и полесна за чешлање. Посебно ми се допадна мирисот кој е прикладен за есенско зимскиот период , затоа што е појак и нема овошни ноти кои потсетуваат на лето. Ќе продолжам да го користам Balea Frangipani & Perle затоа што одговара на мојот тип на коса.
 

  

Маја Тодорова 

Доколку сакате видливи резултати уште од првото миење ви го препорачувам  шампонот од Balea Frangipani & Perle. Косата е мека и сјајна подолго време и мириса прекрасно! Од сега знам што е најдоброто за мојата коса.
 

  

Арабела Првуловиќ Димитровски 

Производот го користам веќе две недели и сум баш задоволна. Лично , сметам дека Balea е марка која дефинитивно вреди да се користи, пред се заради квалитеот што го нуди и со привлечните цени на целокупниот асортиман. Мислам дека шампонот е нежен за кожата на скалпот и за очите , исто така, има преубав мирис кој како што го втриваш во косата како да станува поинтензивен, има одредена густина и е пенлив. Во  составот гледам дека има екстракт од  франгипани и бисер, има и витаними и провитaмини што е добро за косава , особено за сува како мојата. Дефинитивно осетив дека по миење е помека и свиленкаста. Значи добар и функционален шампон ,кој мене ми се допаѓа и со задоволство ке го користам!
 

  

Верица Кузмановска 

Шампонот има прекраcен мириc. Коcaта е нежна и мека и леcно ce раcчешлува, без разлика дали cе чешла водена или cува.
 

  

Ивона Здравковска 

Го оценив производот со целосно задоволна бидејќи овој шампон е совршен за мојата густа и кадрава коса. Прво за мирисот да кажам дека е нежен и дека убаво мириса, а тоа е пресудно кај мене, бидејќи секогаш пред да купам некој шампон јас го помирисувам и доколку ми се допаѓа дури отпосле читам за каква коса е. При првото миење осетив разлика, косата ми беше помека отколку претходно кога ја миев со друг шампон, дури и се мислев дали ми е потребно да ставам и балзам. Убаво ја пени косата, два пати е доволно да се стави во едно миење. Самиот мирис трае со следното миење,а јас мојата коса ја мијам преку 3 или 4 дена односно два пати неделно. Немам мрсна коса така да неможам да кажам дали и колкав долг период ми е потребно да ми се замрси косата. Тоа што најмногу ми се допадна кај овој шампон е сјајот што го добивам откако ќе ми се исуши косата. Се на се одличен шампон кој би го купила и би го користела уште многу долго време.
 

 

Мајда Билаловиќ 

Шампонот е прекрасен. Чиста 10-ка.