Моника Пејоска Насковска
Оценете го производот!: 5 - целосно задоволна/ен
 

Одличен производ кој е совршена замена за белиот шеќер. Здрава варијанта за засладувач кој е богат со минерали и антиоксиданти. По својот вкус потсетува на карамела и е може да се додава во колачиња, палачинки и бебешки кашички. Погоден и за помалите, а и за нас повозрасните.

  

Трајанка Најдовска
Оценете го производот!: 5 - целосно задоволна/ен 

Во последниов период ги сменив животните навики во поглед на исхраната и во вистински момент влезе и јаворовиот сируп. Ако погледнете на интернет може да забележите дека има неколку брзи диети со јаворов сируп. Сепак моето лично искуство вели дека не е добро да се потпираме на брзите диети. Но сепак, јаворовиот сируп можете да го вклучите во секојдневната ваша употреба. Јаворовиот сируп на ДМ е класа Ц тоа значи дека е со најтемна боја и поминал најголем степен на дестилација, но исто така содржи и поголем процент на јаглехидтати. Тој може да биде природна замена за засладувач. Иако не треба да се претерува со него. Една моја практична примена како јас го употребувам е наутро со чаша топла вода, сок свежо исцеден од лимон неколку парчиња ситно сецкан ѓумбир и лажица до две од јаворовиот сируп. Оваа рецепта ми дава енергија за денот и се разбира е замена за кафето. Освен тоа сигурни сте дека утрото го почнувате со нешто здраво и вкусно Кога сме кај вкусот тој има сладок вкус не премногу, помалку потсеќа на карамела во вкусот, но ја нема таа горчливост на карамелот. Дефинитивно мирисот е речиси идентичен како и карамелот. Затоа сметам дека на љубителите на карамелата ова ќе има се допадне. Освен ова можете да го употребувате како засладувач во секоја комбинација на овошна салата каде што јаворовиот сируп БИО дава сладок, специфичен и сочен вкус. Топло го препорачувам јаворовиот сируп сите да го пробаат особено дамите кои сакаат да внимаваат на својата линија затоа што тој дефинитивно помага, се разбира како здрава и вкусна замена за шеќерот, како природен засладувач со многу помалку калории и како поттикнувач на метаболизмот. Презадоволна сум.

  

Емилија Јовановиќ
Оценете го производот!: 4 - прилично задоволна/ен
 

Јаворовиот сируп на dmBio има интензивна, богата арома. Јас го искористив на американски палачинки, и како прелив во топла салата од потпечени јаболка и ореви. Првпат пробувам ваков вид на сируп, и дефинитивно беше предизвик да пронајдам повеќе рецепти што го извлекуваат максимумот од состојката.

  

Елена Мирчевска
Оценете го производот!: 5 - целосно задоволна/ен
 

Сум читала многу статии за здравствените придобивки од јаворовиот сируп, некои одејќи дотаму што го нарекуваа „елискир на здравјето“, но досега сум немала шанса да го пробам. Кога дознав дека го добив на тестирање, веднаш отидов да го подигнам, затоа што веќе имав милион идеи како да го искористам!

  

Се трудам да се хранам здраво, па јаворовиот сируп, како помалку калоричен и поздрав засладувач дури и од медот, стана дел од многу мои оброци и напитоци. Секогаш го започнувам денот со чаша вода со цеден лимон, на која сега додавам една лажичка јаворов сируп. Во текот на денот често пијам зелен чај или чај од ѓумбир, кои сега ги засладувам со јаворов сируп. Врз овесни каши, овошни салати, протеински палачинки, па дури и како дресинг врз некои зелени салати - јаворовиот сируп стана дел од моето секојдневие и отсега сум негов верен корисник.

  

Драгана Тасевска
Оценете го производот!: 5 - целосно задоволна/ен 

Отсекогаш сум сакала да пробам Maple syrup но досега не сум знаела дека истиот може да се најде во продажба во Македонија. Вкусот е многу интересен и препорачувам на сите да го купат и пробаат!!!

  

Ивона Петрушевска
Оценете го производот!: 5 - целосно задоволна/ен
 

Прекрасен вкус! Одличен во комбинација со американски палачинки!

  

Ања Галамарова
Оценете го производот!: 5 - целосно задоволна/ен
 

Сум имала можност неколку пати да пробам јаворов сируп и секој пат од различен прозиводител. За некои можам да кажам дека биле добри, а за некои спротивното.

Но за овој, токму поради претходните искуства слободно можам да кажам дека е повеќе од добар, одличен е!

  

Викторија Трпковска
Оценете го производот!: 5 - целосно задоволна/ен
 

Вашето мислење: Јаворовиот сируп е многу здрав производ кој може да го користат лица од најмала до поголема возраст. Првенствено ја сакам неговата дејност за прочистување на организмот, за кое прочистување јас го користев на следниот начин :

 - 2 лажички јаворов сируп од ДМ Био

 - 2 лажички сок од лимон свежо исцеден

 - малку лута толчена пиперка ова по вкус и

 - вода.

Го конзумирав пред секој оброк и резултатите се одлични дури има и позитивно дејство на намалување на телесната тежина.

  

Мартина Најдоски
Оценете го производот!: 5 - целосно задоволна/ен
 

Јаворовиот сируп меѓу другото е еден од националните брендови во Канада, кадешто јас за првпат пробав и се воодушевив од неговата текстура. Јас го обожавам јаворовиот сируп поради неговата повеќенаменска употреба меѓу кои и најбитната карактеристика која е најважна и се однесува на здравиот живот. Топло го препорачувам.

  

Снежана Костовска 

Оценете го производот!: 5 - целосно задоволна/ен 

 

Ви благодарам што ме одбравте да го тестирам dmBio јаворовиот сируп. За оние кои до сега не го пробале по вкус е сличен на карамелизиран шеќер. Ова е одличен производ, кој е совршен како замена за шеќер или мед во различни десерти (колачиња, палачинки) или цедени сокови. Секако би го користела повторно.

  

Ирена Денковска
Оценете го производот!: 5 - целосно задоволна/ен 

Одличен производ, во комбинација со american pancakes мммм... совршен за  големи и мали!!!

  

Адна Билаловиќ
Оценете го производот!: 5 - целосно задоволна/ен
 

Моите омилени колачи се многу повкусни со јаворовиот сируп, воодушевена сум од вкусот.

  

Сања Блажевска
Оценете го производот!: 5 - целосно задоволна/ен
 

Прекрасен прозивод!

  

Александра Ничевска
Оценете го производот!: 5 - целосно задоволна/ен
 

Со вкус и боја на карамел, а текстура на мед, јаворовиот сируп на dmBio е здрава замена за шеќер. Го користев како засладувач во чај, прелив на палачинки, наместо шеќер во бомбици од амарант со гоџи бобинки. Идеален за целото семејство, посебно за најмалите.

  

Марко
Оценете го производот!: 5 - целосно задоволна/ен
 

Сирупот е фантастичен! Го препорачувам сите да го купувате  затоа што е многу вкусен  и здрав пред се. Идеално ви е да го замените шеќерот со здрава намерница како што е сирупов!