Емилија Тетман
Кокосовото масло е прекрасен производ кој дефинитивно вреди постојано да се има дома, бидејќи има мултинаменска употреба. Прекрасно е како маска за коса, може да служи како крема за тело, отстранувач на шминка, подготовка на пилинг за лице и тело, а да не зборуваме за тоа колку придобивки има за нашиот организам ако се внесува како храна, се користи за готвење или една до две лажици секој ден како додаток во исхрана или во некој пијалок. Презадоволна сум од маслото.


 

Ивона Здравковска
 

Кокосовото масло е нешто што морам постојано да го имам и да го користам за нега на коса и лице. Освен преубавиот мирис кој што го има овој производ, презадоволна сум и од неговата употреба. Повеќе го користам за мојата коса, пред миење ставам од кокосовото масло и ја оставам косата да отстои еден час па потоа ја измивам, косата моја подоцна е мека, лесно се расчешлува и немам потреба освен шампон да користам маска или балзам. Понекогаш знам да го користам маслото и за конзумирање при печење на месо и истото е превкусно. Се на се одличен производ кој има повеќе намени и кој трае долго.


 

Марија Стефковска
 

Ме потсетува на лето, море, на чоколатцата Баунти. Го користам за нега на тело..презадоволна сум!!! Ви благодарам.


 

Моника Донева
 

Прекрасно мириса и е одлично за нега на лице, тело и коса.


 

Катерина Ѓеорѓиевска
Задоволна сум од подарокот...Со три дена користење се чувствува ефектот ..Го користам за лице и прекрасно е..Кожата изгледа подмладена и свежа. Ви благодарам уште еднаш за подарокот.


 

Маја Ѓуровска Алексовска
 

Прекрасен е производот, јас го користам за нега на кожа и коса и сум презадоволна. Топло го репорачувам!


 

Мајда Билаловиќ
 

Кокосовото масло е извонредно , премногу сум задоволна од него. Чиста десетка.


 

Флорије Аслани
Ви благодарам што ми го дозволивте да го пробам овој убав производ. Премногу сум задоволна од истиот.
 


 

Мартина Најдоски
Кокосовото масло од dmBio е вистински хит !!! Еден од моите омилени производи додека пак мирисот на кокос го обожавам особено во овој период од годината. Го користам за отстранување на шминка бидејќи не предизвикува иритација на очите, секојдневна нега на лице и тело, го нанесувам на косата за смирување кога е разлетана и за ослободување од габични инфекции, сува кожа и непријатно чувство. Бенефитот од секојдневната примена на овој производ е доста значаен за секого и топло Ви го препорачуван да го применувате во вашето секојдневие.