Јасмина Михајловска
Лосионот за тело е одличен и ја прави кожата помека и поблескава.

 

Марија Несторова
Лосионот за тело брзо и едноставно се нанесува и се впива. Идеален е за топлите денови.

 

Бојана Ѓуровска
Прекрасно мириса и ја прави многу мека кожата. Презадоволна сум и топло го препорачувам.

 

Мартина Најдоски 

Лосионот за тело од BALEA, MAGIC FAIRYTALE сега ми е најомилен производ за тело кој баш го сакам поради мирисот на малина затоа што го обожавам овошниот мирис. Квалитетот, мирисот , текстурата на самата крема одговара на моите афинитети и со задоволство го препорачувам да се користи и верувам дека многу припадичнички на понежниот пол ќе се пронајдат во овој производ.

 

Моника Јордановска
Презадоволна сум од лосионот за тело од Balea, Magic Fairytale. Прекрасно мириса, брзо се впипа и ја прави кожата мека. 

 

Мирјана Цветановска
Balea Magic Fairytale Bodylotion, ја негува и штити кожата од сушење. Пријатна, нежна и освежителна арома на малина и магнолија кои доведуваат до вистинско уживање!

 

Дилза Мифтари
Со големо задоволство го пробав производот и отсега истиот ми е и мојот омилен. Лосионот за тело ми се допадна во целост, по употреба телото имаше пријатен мирис, кој се чувствува и многу часови по нанесувањето. Кожата е помека, хидрирана. Производот лесно се впива и ја прави кожата поеластична. Се надевам дека и во иднина ќе пласирате нови вакви добри производи и пријатно ќе нѐ изненадувате.

 

Емилија Тетман
Одлична хидратација и многу многу пријатен мирис кој се задржува прилично долго по нанесувањето на лосионот. Би го набавила повторно.

 

Ангела Ѓорѓеска
Секогаш при бирање на лосион или млеко за тело ги избегнував лосионите на Балеа со претпоставка дека се работи за лосион кој е премногу редок, леплив и се чувствува како непријатен слој на кожата после нанесување. Тоа беше и најголемата причина за која се пријавив за тестирањето. На мое задоволство, во пракса испадна тотално спротивно. Производот е доволно густ, кремаст и лесно се размачкува. Веднаш се впива во кожата и ја остава мека без да предизвикува чувство на затегнатост. Мирисот е баш по мој вкус иако една замерка што може да се напомене е дека мирисот не трае долго и веднаш исчезнува. Генерално, лосионот е одличен и дефинитивно, во иднина, ќе ги пробам и другите варијанти.

 

Сара Коцевска
Како и секој друг лосион од Балеа така и овој многу ми се допаѓа! Има убав и свеж мирис, едноставно мириса на чисто. На кожа се задржува долго време и ја остава кожата мека и нежна. Го препорачувам на сите!

 

Верица Кузмановска 

Лосионот е со преубав мирис, кој се задржува на кожата во текот на целиот ден. Ја хидрира кожата и ја прави мека. Овој лосион е совршен за сите припаднички на понежниот пол. Топло препорачувам :)

 

Ангела Костовска
Одличен производ со прекрасен мирис. Презадоволна сум од истиот.

 

Сања Тодоровска
Лосионот за тело е прекрасен, едноставно немам зборови со кои би го опишала моето задоволство од производор. Квалитетот е одличен, кожата ми е прекрасна после користење, а мирисот е прекрасен.