Кики Шестакова
Млекото за коса доаѓа во симпатично пакување, кое е многу практично бидејќи има пумпица. Има прекрасен тропски мирис. Истиот се задржува долго на косата. По нанесувањето, косата е мазна и мека. Овозможува лесно да се обликува. На влакното му пружа одлична нега и хидратација. Голем плус е што воопшто не ја масти косата. Се на се, добивате одличен производ кој во целост ќе ги задоволи потребите на вашата коса. Од мене добива оценка 10/10.
 


 

Елена Стојановска 

Пред да започнам да го користам млекото за коса Balea, го купив и шампонот за сува и оштетена коса со праска и кокос. Мојата коса е боена и шатирана па со самото тоа во летниот период е и посува од вообичаено. Го користам млекото на секое миење на косата и она што можам да го кажам дека одлично ми делува на деловите од косата кои се бланширани. Косата лесно се расчешлува и лесно се фенира, а мене тоа ми е сосем доволно за да продолжам да го користам млекото за коса Balea.
 

 

Ана Арапинова 

Млекото е супер, одлично мириса, косата ја прави мека, негувана, лесно се расчешлува и не губи волумен. Задоволна!
 

 

Симона Петковска 

Премногу сум задоволна од производот, косата ја прави мека и сјајна.
 

 

Билјана Шарковска 

Јас сум задоволна, млекото одговараше на мојата коса, прекрасно мириса...
 

 

Елена Стефановска-Радушин 

СУПЕРР!
 

 

Лидија Станиќ 

Прекрасен производ, го користам и косата ми е супер, полесно се чешла и супер ми изгледа.
 

 

Наташа Наумоска Митковска 

Навистина сум многу задоволна од производот. Косата ми стана многу мека на допир, полесна за чешлање...ептен супер!
 

 

Mlady 

Презадоволна сум од производот. После употребата, косата ми е мека, лесно се обликува, што за мене е посебно важно, убаво мириса. Мирисот не се задржува предолго, што мене лично ми одговара, а воедно ја штити косата и од топлина, сонце и други препарати. Срдечно го препорачувам.
 

 

Симона Михајловска 

Мојата сува и оштетена коса, а по користењето на млекото добива сјај и мекост!
 

 

Катарина Проевска Василева 

Совршен производ за нега на коса со прекрасен мирис. Косата е сјајна и мазна како свила и помега лесно да се обликува.