Тамара Витларова
Лосионот во спреј е хидратантен, лесно се нанесува и лесно се впива, има убав мирис и е идеален за летните денови.


 

Билјана Шарковска
Презадоволна сум, брзо и лесно се нанесува, на мојата кожа делуваше прекрасно, се надевам дека и на другите ќе им одговара.

  

Елизабета Ѓорѓиевска
Прв пат ми е да користам лосион за тело во вид на спреј и позитивно сум изненадена. Треба да се внимава при одалеченостана спрејот од кожата при прскањето бидејќи ако има премногу простор, дел од од околината ќа биде испрскана со лосион. Исто така испарувањето на лосионот како ариосол се вдишува и едно 3-4 часа се осеќа чуден вкус во устата и дишните патишта.

Во однос на влијанието на кожата, таа е мека, нежна, свиленкаста. Мирисот е премногу неутрален.

  

Кате Јошеска  

Прекрасен новитет на нашиот пазар! Balea лосионот за тело во спреј е навистина лесен за употреба и овозможува секојдневна нега на кожата. Резултатите се мека и хидрирана кожа по само неколку употреби. Испробајте ја иновативната формула и уверете се самите!  

 

Мерита Абдулали
Еден од вашите најдобри производи што сум го користила до сега. Потполно ги исполни моите очекувања.
 

 

Катерина Мицевска 
Супер лосион со прекрасен мирис.. ја хидрира кожата. Лесен за употреба, може да го користам во секое време на секое место. Презадоволна сум!
 

 

Марија Несторовска
Најнапред што ме привлече кај овој лосион е пакувањето со распрскувач кој може да се отклучи/заклучи по потреба. Ми изгледа многу практично и одлично за носење при патување, да нема грижи дали ке се истури, дали ке направи некаков проблем во куферот (што ми се случило со други лосиони во поинакви пакувања).

Самиот лосион е многу лесен за размачкување и брзо се впива во кожата што е огромен плус за лето, но сметам и дека не е многу хидратантен за оние со сува кожа. Идеален би бил за девојки со нормална кожа на телото, а за оние со сува - преслаб. Јас имам нормална кожа и ми беше сосема доволен за нега после туширање во лето, но во зима ќе барам нешто похидратантно. Мирисот е многу пријатен. Мириса на чисто со подискретна нота на алое вера која сите знаеме дека е билка која е одлична за кожата. Не сум сигурна, но мислам дека чувствував ладење на кожата кога го нанесував лосионот, што за топли денови и те како е добредојдено. Мислам дека би бил ко "мелем на рана" после долго сончање на плажа. Едноставно како да го освежува телото. Милитражата од 150мл мене ми беше доволна за двонеделно користење што е сосема во ред со оглед на тоа дека обожавам да се мачкам и лосионите за тело брзо ги трошам. Сумирано задоволна сум од лосионот и би го купила. Мислам дека ќе ми биде задолжително нешто на одмор и во овие жешки денови.
 

 

Симона Нечовска
Супер е,ја прави кожата мека а притоа и убаво мириса.Го препорачувам а и во иднина и самата јас ќе го купувам и користам.
 

 

Ивана Билбиловска
Презадоволна сум од лосионот, планирам и во иднина да продолжам да го користам.
 

 

Тања Колиговска
Лосионот е нежен, со лесен мирис и лесно впивлив. Не ја масти кожата и чувството непосредно по нанесувањето е природно.

  

Ангела Станојковска 

Лосионот е преубав, практичен, лесно се нанесува, а за мирисот воопшто да не зборувам. Прекрасен и освежителен.

  

Кристина Стојчевска 

Солиден производ за нега на кожа, ја прави мазна и ѝ пружа солидна хидратација.