Јасмина Трпковска 

Сум пробала многу производи за миење лице, но ништо слично не сум пробала.
Лицето ми го чисти темелно, кожата ми е мека и што е најважно не ми ја иритира кожата, јас сум многу задоволна од гелот за миење лице аlverde Naturkosmetik .....

 

 
 

Ангела Маринковиќ 

Од неколку миења осетив разлика и покрај тоа што имам проблематична кожа. Овој гел ми одговара потполно. Целосно сум задоволна!
 

  

Јасминка Дуровиќ 

Го користам Гелот за миење лице alverde веќе една недела и најискрено сум многу задоволна. Кожата на лицето е мазна ,за чистење и избледнување на белезите од акните сигурно ќе треба да го користам подолго време за да има видливи резултати (не се сомневам). Би го препорачала производот на лица со комбинирана кожа.
 

  

Јулија Христова 

Исклучително благ лосион, не ја пресушува кожата и ја остава чиста и мека. Стандардно квалитетен alverde производ - природен и делотворен.  Погоден за мешан тип кожа како мојата, го чисти пределот (чело,нос,брада)  без да го  исуши дополнително останатиот дел од лицето. Пријатен свеж мирис - го препорачувам на сите.
 

  

Сања Трифуновска 

Јас сум целосно задоволна од гелот за миење лице од alverde со морски алги бидејќи:

- Го чисти лицето и ја прави кожата мека.

- Нежен и не-агресивен производ за комбинирана кож,а  кој е избалансиран со убава формула при што не го одзема себумот туку го еквилибрира. Ја изедначува масната со сувата зона на моето лице.

- Стимулативно делува и ги буди сетилата на кожата. Наутро, штом ќе се разбудам да ги отстранам бактериите кои на кожата се собираат во текот на спиењето. Поради тоа сметам дека овој производ е погоден за секојдневно користење и здрав сјај на кожата.

- Овозможува комплетно отстранување на нечистотиите и шминката од кожата. Длабински ги чисти порите без притоа да ја суши кожата или да предизвикува воспаленија.
 

  

Даниела Војнески 

Преубав гел, целосно сум задоволна. Лицето го прави многу меко и нежно <3
 

  

Марија Петковска 

Фантастичен! Одлично ја чисти и не ја суши кожата!
 

  

Марија Петровска 

Производот е одличен ја прави кожата мека,нежна и длабински ја чисти.
 

  

Јована Д 

Со секојдневно користење, кожата ми стана многу мазна и без мрсна Т-зона.

Би го препорачала на сите :))
 

  

Деспина Петреска 

Миењето лице со овој гел е задоволство. Ја остава кожата нежна, лесна и пријатна на допир.
 

  

Елена Вељановска 

Навистина ми е драго што го добив производот бидејќи е одличен, одлично се грижи за мојата кожа и дефинитивн би го препорачала на сите мои пријатели.
 

 

Ангела Станкова 

Јас сум веќе корисник на оваа линија производи, но првпат го пробувам овој гел за миење лице. Многу ми се допадна, најпрво мирисот, па потоа тоа што не го суши лицето и нема непријатно чуство на затегнатост. Создава многу пена и со мало количество од гелот. 
 

  

Соња Карбева 

Моето лице е прекрасно благодарение на овој производ. Го препорачувам  на сите жени кои  саккат да се чувствуваат освежено после напорниот и стресен ден.
 

  

Моника Станковска 

Овој производ најпрво ми се допаѓа поради тоа што е составен од природни состојки. Многу добро го чисти лицето од шминка како и до други нечистотии. После миење кожата ја чувствувам мека без нималку чувство на затегнатост.
 

  

Маја Јевтовиќ 

Многу ми се допадна затоа што одговара на мојот тип на кожа, го користам веќе неколку дена и веќе забележувам дека кожата ми е за нијанса почиста, секако со редовно користење подолг период ќе има се подобри резултати. Во секој случај би сакала да пробам уште некој производ за нега на кожа од линијата на alverde, можеби ќе биде тоа некој тоник или крем за лице. Ова е прв пат да користам производи на alverde и навистина се супер.
 

  

Ангела Трајчевска 

Би го препорачала овој гел на сите, бидејќи е прекрасен. Веднаш по првото миење се видливи резултатите. Кожата ја чисти и ја освежува и и дава посебен сјај.Добар е затоа што и ја дава на кожата потребната хидратација и ја чисти од разни нечистотии и шминка.

  

Јасмина Николовска 

Презадоволна сум, моето лице е мазно, чисто и освежено и што е најбитно не ми ја суши кожата.