Славица Ралевска 

Прв пат користам омекнувач на алишта од овој производител  и морам  да кажам дека сум презадоволна. Слободно можам да кажам дека по перењето, алиштата го задржуваат прекрасниот мирис неколку дена, при што забележав дека нема никакви оштетувања ниту во материјалот , ниту во бојата. Прекрасен траен мирис , со убави ноти , премека е ткаенината после перење со него. Јас продолжувам да го користам и понатаму  и го препорачувам на сите, нема да згрешите ако го набавите, а верувам нема да посакате ниту да го смените!

 


 

Радица Ѓуровска 

Омекнувач за алишта што е потребен во секој дом. Миризбата на алиштата по користењето на омекнувачот воопшто не е нападна, нежно мирисаат и многу се меки. Сакам алиштата ми мирисаат на чистота и свежина. Тоа ми требаше и тоа го добив. Омекнувачот ми стана незаменлив.

 

 

Снежана Поповска 

Супер производ, со прекрасен долготраен мирис. Премногу сум задоволна и сигурно ќе го набавам повторно.

 



 

Катерина Јаневска 

Свеж, пријатен, убав, пролетен мирис. Навистина сум презадоволна!

 

 

Јована Д. 

Преубав мирис кој останува цела недела и го прави секој чекор поубав и помиризлив.

 

 

Ивона Здравковска 

Еден од подобрите омекнувачи кои ги имам користено. Мирисот е преубав, мириса на чисто и што е најбитно се задржува на самите алишта подолго време. Дури и самиот шкаф со алишта кога ќе го отворам ми мириса на омекнувачот.  Алиштата ги прави меки и нежни на допир, посебно белите алишта и пешкирите. Одличен омекнувач кој би го користела повторно :)

 

 

Марија Надеска 

Прекрасен омекнувач. Предизвикува неодоливо меки алишта, пропратени со мирис на свежина која се шири во целиот наш дом!

 

 

Мартина Маркоска 

Сакам убав мирис на облеката, па постојано експериментирам со омекнувачите. Denkmit им дава доволна мекост на алиштата. Најмногу ми се допаѓа што е многу траен - не проветрува од алиштата откако ќе се исушат.