Како дел од нашата кампања LOHAS - Lifestyle of Health and Sustainability - решивме да споделиме совети со сите вас, кои се спремни, и имаат воља да преземат чекор кон подобра животна средина.

Сакаме да споделиме неколку совети со вас, од повеќе сегменти од секојдневието, кадешто со минимални напори можеме да направиме многу...
 

 

1. ЧИСТЕЊЕ И НЕГА НА ДОМОТ 

Малите нешта можат многу да променат... така на пример:
 

- Хемиските средства за чистење можеме да ги замениме со еколошки, кои се исто толку ефикасни. Denkmit Nature линијата ќе ве убеди во тоа. 
 

- Заменете ги крупите за една употреба, со повеќекратни. Исперете ги и оставете да се исушат, па употребете ги повторно. Доколку сепак не сакате да се откажете од кујнските бришачи, внимавајте при пазарувањето истите да бидат со FSC ознака.
 

- Користете гумени ракавици за чистење со FSC ознака. Овие ракавици имаат природен латекс, кој се добива од еколошки одржливо земјоделие.
 

-  “Повеќе„ не е секогаш подобро: Често ставаме прекумерена доза детергент или средство за чистење. Користење на концентрирани средства е поекономично,  подолготрајно и произведува помалку отпад.
 

- Сопствената сила штеди струја – исклучете ја за момент правосмукалката и пробајте дали сами можете да го измиете и средите нередот.


 

2. ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА 

- „Горната облека“ (маици, блузи) не мора да се пере веднаш после првото носење. Едноставно проветрете, со што ќе заштедите на средство за перење и струја.
 

- Тврдокорните флеки не секогаш се отстранети после првото перење. За да избегнете второ перење на истото парче облека, употребувајте сапун за тврдокорни флеки.
 

- Бидете штедливи при дозирање на детергентот. Често употребуваме „од око“ и погрешно дозираме, што не е добро за околината, како и за сопствените финансии, а воедно и резултатот од перењето не е ништо подобар. Пробајте да употребувате капсули за перење на алишта, кои се претходно точно дозирани од производителот.
 

- Перете на ниски температури. Дополнителна енергија е потребна за загревање на водата за перење. Модерните детергенти отстрануваат тврдокорни нечистотии на температури од 30-40 степени.
 

-Избегнете го непотребното користење на енергија од сушарата. Со убаво простирање на алиштата при сушење може да избегнете дури и пеглање.


 


 


 

3. Храна и домаќинство
 

- Направете точна залиха во домот и набавете го само она што ви е потребно. Пазарувањето „на гладен стомак“ води до купување на повеќе производи, од кои навистина немаме потреба. 
 

- Пазарувајте ДОПОЛНИ со кои се штеди на пластични пакувања, со што се произведува помалку отпад.
 

- Пазарувајте домашни производи - краток транспорт ја намалува емисијата на  CO2 во околината. 
 

- Рокот на производите не значат дека производот веднаш после тоа е расипан. Многу производи можат да се консумираат и по истек на рокот. Верувајте на сопствениот вкус како и мирис кој ќе го осетите од производот. НО: При консумирање на производи од животинско потекло препорачливо е да се запази рокот на употреба, со што ќе спречите можно труење со храна.
 

- Имајте редослед во фрижидерот: Поставете ги новите производи одзади, а постарите напред. Повеќето од производите можете до 6-12 месеци да ги замрзнете.
 

- Точно регулирајте го ладилникот: Преголемите ладилници трошат премногу енергија. Не го поставувајте на многу ладно. 7 степени би било најсоодветна температура за ладилникот,  додека пак замрзнувачот најповолно би било да се постави на -18 степени.
 

- За чување на остатоците од храна користете ќеси за повеќекратна употреба - избегнувајте алуминиумска фолија. Производството на истата е многу штетоно за животната средина и користи многу енергија.
 

-При пазарување користете памучна торба, со која ќе избегнете употреба на пластични ќеси.