Како општествено одговорна компанија, одржливиот развој е секогаш во фокусот на нашето работење. Токму затоа, еден од основните наши принципи гласи: „Да делуваме како пример за одговорна заедница во нашето опкружување“.
 

Водени од овој принцип, ја започнуваме нашата кампања „ОДБИРАМЕ СОВЕСНО“, со која сакаме да поттикнеме одговорно и свесно делување кон околината.
 


 



 

Органските производи се добиваат од од суровини од контролирано земјоделско производство, која се разликува од конвенционалното со тоа што е без вештачки бои, ароми, а при тоа не се користени пестициди и други хемикалии кои ја загадуваат самата храна, како и околината.Со консумирање на органска храна, ја чуваме околината, а притоа одбираме да се храниме здраво и вкусно!


 


 


 

Природната козметика и нашата околина се тесно поврзани..и тоа во позитивна смисла. Настаната од контролирано биолошко потекло, природната козметика не содржи вештачки и штетни состојки, минерални масла и конзерванси. Ослободена е од штетните микро пластики, кои се штетни за околината, а и НЕ Е ТЕСТИРАНА НА ЖИВОТНИ!
 

Сакате да користите природна козметика? Во нашите дрогерии нудиме голем број на природни производи, а посебно сме горди на нашата сопствена сертифицирана природна марка alverde! 


 


 


 

Дали сте запознаени со NATURE - еколошките производи за чистење? Производите со називот nature не ја загадуваат околината, лесно се разградуваат во природата и се произведени од обновливи суровини. Nature производите се високо ефикасни во негата и хигиената на вашиот дом, а притоа и делуваат позитивно кон средината. 
 

Нашата dm марка за нега и хигиена на домот, Denkmit, има посебна nature линија на производи, кои ја чуваат околината, и се одликувани со ознаката "Blauer Engel" - најстара светска ознака со која се одликуваат еколошките производи.


 


 

EKO ОЗНАКИ НА НАШИТЕ МАРКИ.
Многу од нашите производи од dm марките се често тестирани и одликувани од посебни независни институции со највисоки одлики. Токму затоа, на голем број од пакувањата на нашите производи може да забележите разни ознаки. Дознајте што значат и зошто токму овие го гарантираат квалитетот на dm марка производите.


 

 

ОЗНАКИ


 


 

Производите кои се означени со веганскиот цвет се сертифицирани вегански и се во склад со критериуми на здружението на вегани во Велика Британија. Со тоа се гарантира дека овие производи не содржат состојки со животинско потекло, ниту пак дека се тестирани на животни.