#GIVINGISTHENEWBLACK
dm во МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗИРА GIVING FRIDAY И ДОНИРА 5% ОД ОСТВАРЕНИОТ ПРОМЕТ ВО ДОБРОТВОРНИ ЦЕЛИ!

Во текот на новогодишните празници често се потсетуваме на важноста на дарувањето. Убавината која ја носи истото. Вниманието, одвоеното време и убаво спакуваните ситници...во никој период од годината не го чувствуваме ова, како за време на овие празници.
 

Токму затоа, оваа година го организиравме GIVING FRIDAY - добротвирна иницијатива, која ја спроведовме на 29.11 - Black Friday - и одвоивме 5% од нашиот вкупен промет од овој ден во хуманитарни цели. 
 

Благодарни сме ви на сите вас, кои земавте учество и без кои немаше да успее оваа акција. Ви велиме БЛАГОДАРАМ бидејќи со ваша помош успеавме да одвоиме 300.000 денари за помош на ЈЗУ Клиничка Болница во Штип.