Под мотото {ЗАЕДНО едни за други}, dm дрогерие маркт подари 200 пакети на социјално загрозени бездомни лица! 

Новогодишните и божиќните празници се период кој го посветуваме на нашите драги личности, кои ни значат и кои сакаме да ги направиме среќни.
 

Но постојат многу луѓе кои за престојните празници нема да добијат подарок.
 

dm дрогерие маркт, под мотото {ЗАЕДНО едни за други} се потруди оваа година тоа да го промени.
 

По повод новогодишните и божиќните празници, dm подари 200 новогодишни подарок пакети со производи за основна лична хигиена, како и новогодишна честитка, со што тежнеат да им подарат радост, да им ги исполнат срцата со топлина и за момент да внесат среќа во живот на оние кои се често заборавени - социјално загрозени и бездомни лица.
 


 

Иницијатавата на dm со воодушевување беше прифатена од соработниците на dm, со чија помош несебично се наполнија 200 подарок пакети.
 

Поделбата на новогодишните подарок пакети, со поддрша и посредство на Црвен Крст на град Скопје, се изврши на 3 пункта во Скопје и тоа:

►Пункт за бездомници на Црвен крст на град Скопје во Момин Поток

►Центар за бездомни лица „Чичино Село

►ЈУ „Ранка Милановиќ“ - Меѓуопштински Центар за социјална работа.
 


 

Оваа активност на dm, покрај хуманитарен карактер има за цел да испрати порака и до останатите компании и институции, дека постојат луѓе на кои секојдневно им е потребна наша помош, со надеж дека овој чекор ќе влијае инспиративно за останатите комапнии да се приклучат со свои иницијативи за помош на најранливите групи на население во Македонија.