Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Нова dm Марка за хулахопки „Stella Jones“

dm воведува нова dm Марка во својот асортиман.
Нова dm Марка за хулахопки Stella Jones 


 

Со воведување на новата dm Марка во својот асортиман, dm го проширува својот асортиман на хулахопки и доколенки. Новата марка „Stella Jones“ е всушност потомок на FASCINO и е достапна во десет дрогерии* на dm во Македонија.

 

Зошто токму Stella Jones?

Една од многуте предности кои ги нудат овие производи е оптималната прилагодлива форма и неверојатна пријатност при носењето. Како и нејзиниот претходник FASCINO и останатите dm Марки, Stella Jones се одликува со висок квалитет по поволни цени. Сите производи од Stella Jones се произведени во Европа и по строго контролирани стандарди за здравствена безбедност и социјални и еколошко производство. Stella Jones производите одговараат на Oeko-Tex стандардот 100 – доказ за квалитет, кој самите ќе го почувствувате на своја кожа.


 

Удобност во секоја ситуација 

Покрај висок квалитет по поволни цени, хулахопките од Stella Jones гарантираат прилагодлива форма и неверојатна удобност при носењето. Различните модели на хулахопки ги покриваат потребите на нозете на сите жени. Лесна потпорна функција и пријатен ликра материјал кој спречува отпарување на конците се само неколку од предностите кои ги нудат новите производи од Stella Jones.


 

*Производите од Stella Jones може да се најдат во сите dm дрогерии во Македонија, со исклучок на dm Бит Пазар, Капиштец и Куманово.