Сопствените dm марки на тест 

Öko-Test и Stiftung Warentest


 

Речиси секој месец, независни Германски здруженија и организации за контрола на квалитетот и заштита на потрошувачи Öko-Test и Stiftung Warentest ги испитуваат производите од dm сопствените марки и ги наградуваат со високи оценки.


 

BDIH Сертификат


 

BDIH е кратенка за Bundesverband Deutscher Industrie- und Handelsunternehmen für Arzneimittel, Reformwaren, Nahrungsergänzungmittel und Körperpflegemittel e.V., односно здружение на Германските индустриски и трговски организации за лекови, здрава храна, додатоци во исхрана и козметички производи. Сите производи кои го носат овој сертификат се тестирани и докажани според навистина високите стандарди на ова здружение, а самиот сертификат е доказ за природните состојки на овие производи, како и дека се произведени преку производствен процес, при кој се запазени високите еколошки стандарди, поставени од оваа организација. Со овој сертификат се здобиваат само оние производи кои ги задоволуваат сите овие стандарди и ќе ги поминат сите тестови од независните здруженија и институции.


 

NaTrue сертификат


 

NaTrue е меѓународен сертификат за означување на козметика од контролирано биолошко производство, а ги опфаќа водечките светски компании кои произведуваат природна и био козметика. Со оглед на тоа што NaTrue е меѓународен стандард кој е препознатлив ширум целиот свет по своето лого и стои како поим за транспарентност и врвна природна козметика, dm одлучи сите свои производи од dm марката alverde NATURKOSMETIK да ги означува со овој сертификат, наместо со BDIH. За да може овој преоден период да биде што потранспарентен, на почетокот овие производи беа означувани истовремено со двата сертификати. Сите новосертифицирани alverde производи сега веќе се означени само со NaTrue сертификатот, додека сите оние со BDIH полека се ребрендираат со новиот сертификат.


 

Eko сертификат


 

Еко сертификатот е ознака за квалитет и заштитен знак со кој се означени производи од еколошјко потекло, а се гарант за придржување кон одредени еко стандарди и рестрикции. Дека производителот ги задоволува критериумите за овој сертификат, се докажува преку обврзувачко поднесување на потребна документација и редовна контрола на производите. Дали производителот се придржува до строгите еколошки стандарди за производство на Европската Унија, се контролира од страна на независни сертификаторски тела.


 

Германска државна Еко ознака (BIO)


 

Германска државна Еко ознака, шестоаголниот зелено-бело-црн симбол, воведен во  Септември 2001 година во склоп на аграрните рефори, со кои во Германија започнува означување на производи кои ги задоволуваат критериумите за еколошко производство на Европската Унија. Намирниците кои го носат овој сертификат:


 

  • не семат да бидат изложени на јонизирачко зрачење;
  • не смеат да бидат со генетски модифицирани организми;
  • не се прскани со синтетички пестициди и лесно топливи минерални ѓубрива;
  • процентот на состојки произведени по конвенционален пат не смее да биде повисок од 5%;
  • не семат да содржат дополнително додадени засладувачи, ароми, бои и емулгатори, како и помошни адитиви кои се забранети;
  • увозот на суровини за производство од трети земји е по посебни одреби и строго контролиран;
  • во догледувањето на животни мора да се земе предвид специфичностите на сите животински видови;
  • животните мораат да бидат хранети со храна од органско производство, без употреба на антибиотици.