Цитираме

Martin Engelmann

Потребно е многу идеализам кој води до остварување на принципите. 

Покрај тоа, потребна е храброст и реализам вистинските прилики секогаш отпочеток, постојано да ги мериме со вистински идеали.

 

Mартин Енгелман, Претседател на управниот одбор 

Принципи на работење

Тука сум човек тука купувам 

Оваа изрека во центарот го става човекот како индивидуа било да е вработен или купувач. dm и нуди на секоја личност соодветна понуда која ќе ја нагласи неговата индивиндуалност. dm живее со своја филозофија преку богат асортиман, висок квалитет, љубезно советување од страна на вработените и добар пристап до купувачите.

 

Човекот е во центар 

Наш постојан предизвик е да формираме фирма која ќе ги оплеменува потрошувачките потреби на нашите купувачи, да делуваме како друштвено одговорна заедница во нашата околина. Со заеднички сили и работа да овозможиме на нашите вработени усовршување и со тоа водењето на компанијата се основа на следниве принципи:

 

Начела кон купувачите 

На пазарот настапуваме со помош на сите маркетинг инструменти како би придобиле постојани купувачи кои ќе купуваат исклучиво во dm продавниците, а нивните потреби ќе ги оплемениме со понуда од квалитетни производи и квалитетна услуга.

 

Начела кон вработените 

Посакуваме и овозможуваме на сите вработени да учат едни од други, хумано да се однесуваат едни кон други и да го препознаваат и прифатат другиот како индивидуа. Исто така сакаме да направиме услови во кои секој вработен ќе ги препознае своите можности и способности, кои ќе ги развива на адекватен начин како успешно би ги решавал поставените задачи.

Начела кон партнерите 

Со нашите деловни партнери негуваме долгорочна, сигурна и рамноправна соработка како би не препознале како партнер со кој можат да ги остваруваат своите идни цели и идеи.