Интернационално признати 

dm drogerie markt спаѓа во еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа. Првата дрогерија е отворена уште во 1973 година во градот Карлсруе во Германија.  Денес dm е репрезентативен ланец  со повеќе од 3.500 продавници во 13 држави ширум Европа. Во Македонија  првата филијала се отвори во 2012 година, а до денес за Вас отворивме 10 продавници во Скопје и по една во Тетово, Велес, Куманово и Штип. Наша цел е да отвориме продавници ширум цела Македонија.

Успешни во работењето 

Во работната 2017/2018 година во целата групација која е составена од 13 земји во кои постои и работи dm, остварен е завиден промет од 10,7 милјарди евра и при тоа е остварен раст од 4,3% во однос на претходната работна година и додатно покажа насоченост и задоволување на сите потреби на купувачите.

Вработени 

Во целата dm група ширум Европа во моментов има преку 61.000 вработени, на кои dm им дава креативно и сигурно работно место. Според резултатите на анонимно спроведената анкета колку вработените се задоволни во dm (во 2010 година), 80% изјавиле дека се горди што работат во dm, а 91% дека dm drogerie markt е одличен работодавец. 

Број 1 кај купувачите во Европа 

Во асортиманот на dm дрогериите се опфатени топ актуелни производи од разновидни асортимени. Првичниот фокус е асортиманот од областа на убавината и здравата храна, бебиња и домаќинство, фото опрема и услуга.  Дополнителниот aсортиман го сочинуваат храната за домашни миленичиња, сезонски и текстилни производи како и сопствената марка (dm марка).