Сподели и отпечати

color #000000
color #000000

Тука сум човек тука купувам

Тука сум човек. Тука купувам 

Ова ветување во центар го става човекот како индивидуа-  без разлика дали е тоа купувачот или вработениот. dm и нуди на секоја личност соодветни понуди кои ќе ја  нагласат неговата индивидуалност. dm живее со своја филозофијата преку широк и богат асортиман, висок квалитет, љубезни совети од страна на вработените и добар пристап кон своите купувачи.

  

Човекот е во центар 

Наш постојан предизвик е постојаната работа како би можеле да ја обликуваме фирмата и да ги оплемениме потребите на потрошувачите, да функционираме како друштвено одговорна заедница и преку заеднички напори да  овозможиме можности на нашите вработени за усовршување. Поради тоа компанијата има основано свои начела:

 

Начела кон купувачите 

На пазарот настапуваме со помош на сите маркетинг инструменти како би придобиле постојани купувачи кои ќе купуваат само во dm, а нивните потреби ќе ги оплемениме со понудата на квалитетни производи и квалитетна услуга.

Начела кон вработените 

Посакуваме и им овозможуваме на сите вработени да учат едни од други, хумано да се однесуваат едни кон други и да го препознаат и прифатат другиот како индивидуа. Исто така сакаме да направиме услови  во кои секој вработен ќе ги препознае своите можности и способности, кои ќе ги развива на адекватен начин и успешно да ги решава поставените задачи.

Начела кон деловните партнери 

Со нашите деловни партнери негуваме долгорочна, сигурна и рамноправна соработка со цел да не препознаат како партнер со кој можат да ги остваруваат своите идни цели и идеи.