Изјава за приватноста на купувачите 

дм дрогерие маркт дооел сериозно ја сфаќа приватноста на купувачите и заштитата на нивните лични податоци и затоа се придржуваме до правилата и Законот за заштита на податоци и Законот за телекомуникации. За статистичка проценка, од нашиот вебсајт ги собираме податоците, а некои од нив ги користиме во анонимен облик за оваа постапка. Податоците се регистрираат исклучиво до нашите соработници за статистички услуги Webtrekk GmbH. За количината на податоците можете да се информирате во понатамошниот текст. 

  

Одговорното раководење со личните податоци е наш висок приоритет, а тоа подразбира усогласеност со законските одредби од Законот за заштита на личните податоци како и Законот за телекомуникации. 

 

Услугите на компанијата Webtrekk GmbH ги користиме за собирање на статистички податоци и употреба на нашиот вебсајт, како би можеле да ја оптимизираме нашата понуда. Webtrekk GmbH е сертифициран за заштита на податоци во областа на web-контролингот.

 

Дел од сертификацијата е ревизија на Webtrekk GmbH на лице место во Берлин како и во седиштето на хостингот во Нинберг, при што се проверуваат податоците кои се собираат и следат дали ги исполнуваат прописите за заштита и безбедност. 

Основи на оваа сертификација се: 

 

- каталог барање за заштита на заштита на податоци – V 1.2 

- законски барања во поглед на заштита на податоците 

- принципи IT-безбедноста во моменталната состојба на техниката во склад со основата IT-заштита според BSI и ISO 27000 

- Извештај за ревизијата TR00610 

  

Извештај и следење на мрежата 

При Вашата посета на dm-вебсајтот за нашата веб-статистика се истражуваат и проценуваат одредени информациии, кои ги пренесува Вашиот Веб-пребарувач.Истаржувањето се спроведува со пиксели кои се наоѓаат на секоја Веб-страна. Погледнете ги следните податоци: 

- Барање (име на бараната датотека) пр: (www.primer.de.-index.html

- Вид на пребарувач, негова верзија пр: (Microsoft Internet Explorer 6.0) 

- Јазик на пребарувачот 

- Оперативен систем кој се користи пр: (Windows 10) 

- Внатрешна резолуција на прозорецот на пребарувачот 

- Активирање на Java Script 

- Java уклучен/исклучен 

- Cookies уклучен/исклучен 

- Длабина на бојата 

- референтен URL (претходно посетена страница) 

- IP адреса-ќе биде веднаш избришана 

- Време на пристап 

- Кликови 

- Доколку е неопходно содржината на формуларот (кај слободните текстуални полиња како што се на пр. име и лозинка, само се пренесува „пополнето или непополнето„). 

  

IP – адреса (Интернет протокол адреса) 

IP адресата се емитува кај секое прашање на серверот, како серверот би препознал каде треба да биде испратен одговорот. IP адреса добива секој од самиот интернет провајдер (ISP) штом ќе се поврзе на интернет. Провајдерот така може да прати која IP –адреса во кој момент на кој корисник му е доделена. Се додека IP адресата е меморирана теоретски преку провајдерот по спореден пат може да се утврди идентитетот на сопственикот на крајниот корисник. Поради тоа ние и нашиот сервис за статистика не ја меморираме IP адресата на подолго време, туку ја користиме само за идентификација на посетата и одбрана од напад. IP адресата потоа веднаш се брише така да собраните податоци се анонимни па не може ниту индиректно преку провајдерот да се одреди идентитетот на корисникот. 

  

Политика за „Cookies“ 

Нашиот сајт на неколку места го користи терминот „Cookies“. Се користи како нашата понуда би била што повеќе прилагодена и поефикасна за корисникот. Cookies се мали текстуални датотеки кои се складираат во Вашиот компјутер и ко Вашиот пребарувач може да ги меморира. Cookies не можат да се поврзат со една одредена личност и не содржат лични податоци. Треба да ги разликуваме овие податоци од другите изворни податоци. Повеќето Cookies  што ги користиме се таканаречени „Session Cookies“ кои се бришат кога ќе завршите со Вашата посета кај пребарувачот. Меѓутоа постојат и долгорочни Cookies со чија помош го препознаваме посетителот. Cookies не  му штетат на компјутерот и не содржат вируси. 

 

Cookies кои се користат:  

-Last Clik (последен клик), (за одредување на сесијата, должина на траење: една посета) [Webtrekk]. 

-Session (Session Cookies), (за препознавање сесија, должина на траење: една сесија [Webtrekk]. 

-Ever Cookies (доготрајни cookies), (за препознавање на нови/ постојани посетители, време на траење: 60месеци/ 5години)[ Webtrekk]. 

Кодот на подесување во Вашиот пребарувач можете да го дефинирате: дали Cookies можат или не можат да се складираат. Ако само на dm-веб страната не сакате да бидете следени, подолу имате опција за отповикување. 

  

Користење и проследување на лични податоци 

Доколку ни ги доставите Вашите лични податоци на располагање истите ќе ги користиме исклучиво за одговарање на Вашите прашања, за извршување на договорите склучени со Вас и за техничка администрација.
 

Вашите лични податоци  ќе бидат проследени на трети лица или ставени на располагање на друг начин само доколку истите се неопходни за извршување договори- посебно пренесување на податоци за нарачки кај добавувачи, за сметководствени услуги или со Ваша претходна согласност. Имате право во секое време да ја прекинете посетата со што веќе внесените податоци ќе останат меморирани за секоја наредна посета. Бришење на личните податоци следи само откако ќе го откажете вашето присуство и со Ваша согласност се потврди бришењето на сочуваните лични податоци, кога Вашето сознание повеќе е непотребно за исполнување и складирање на потребната намена или доколку Вашето складирање на податоци не е дозволено од некој други причини. 
 

На Ваше писмено барање во секое време ќе ве информираме за Вашите собрани лични податоци. 

  

Податоци во формуларите 

На веб страната на dm можете да  користите неколку формулари, како би ни ги доставиле Вашите податоци.  Доколку не се во прашање лични податоци, внесувањата во полињата на формуларот се собираат и статистички се анализираат. Доколку се во прашање лични податоци, статистички се одбележуваат само успешно испратените податоци. Како контролор на овие доставени лични податоци е дм дрогерие маркт дооел. Испратените податоци ќе бидат употребени исклучиво од страна на дм дрогерие маркт дооел и строго за потребите на пријавата од формуларот.

  

Logins-Логување (за сега не е достапно како опција на веб страната)

Со пријавата на нашиот сервис ни давате за право да направиме профил за Вашето сурферско однесување на нашата веб страна. Ова се прави под псевдоним што значи дека и ние ќе го користиме како псевдоним. Податоците кои се поврзани со овој псевдоним ќе ги користиме евентуално за индивидуализација на нашата содржина. Ова пратење можете да го отповикате во секој момент. Во таков случај dm нема да биде во можност да обезбедиме персонализирани содржини. На писмено барање, ќе Ве информираме за вашите собрани лични податоци. 

  

Отповикување за собраните податоци 

Вие како корисник на веб страната можете во секој момент да го отповикате собирањето на Вашите податоци кои се анонимно забележани и во иднина да не се собираат. За исклучување на Webtrekk Web-Controling се поставува Cookie по името webTrekkOptOut  од страна на доменот www.dm.mk Ова отповикување важи сè додека не ги избришете Cookies. 

  

Отворени прашања 

За информација околу заштитата на податоци или Вашите лични податоци кај dm, слободно можете да се обратите во нашата централа или на е-меил адресата: zlp@dm-drogeriemarkt.mk