Дамки? Не со нас.... 

Тврди и течни сапуни против дамки, спрејови за претперење, сол за флеки: постојат навистина многу можност за отстранување на несаканите дамки од нашите алишта. Но кој е вистинскиот производ за правата флека? dm Ве води на целта од лавитинтот на отстранувачи на дамки!
 

*Испробајте го средството за флеки на некоја потскриена позиција на облеката претходно, со што што би ја зачувале свежината на боите.

 

Кои се најпосакуваните и најефективните средства за отстранување дамки? 

1. Сол за дамки - класичар помеѓу средствата против дамки, кој благодарение на неговото тројно дејство и активен кислород, сода и ензими е неприкосновен во борбата упорни флеки, како на пример црвено вино или чај.
 

2. Мулти отстранувач на дамки - практични 2 во 1 производи за прецизно отстранување на дамките. Идеален за отстранување на многу валкани материјали, како бебешка облека или крпи за садови. Активната део-формула ефикасно ги отстранува сите непријатни мириси.
 

3. Oxi Power спреј за претперење - како и кај мулти отстранувачот, така и oxi power  е навистина посакуван, благодарение на активниот кислород, кој ги отстранува сите дамки, без притоа да го оштети текстилот. Совршен за нега на теписи и ткаенини, како и за волна и свила.
 

4. Спреј за претперење - овој спреј не содржи никакви додатоци за посебно избелување на материјалите, што го прави соодветен за чувствителни материјали. Идеален е за третирање на алиштата пред перењето. Ги разградува дури и засушените флеки и нечистотии.
 

5. Сапун против флеки -  добро познат по својата висока способност за разградување маснотии. Со вградената четкичка едноставно нанесете на дамката и нежно истријте. Тврдиот сапун е совршен за отстранување на дамки од мастило.