Да блеска и сјае!
Кога ќе размислиме колку време во текот на животот поминуваме во домот, свесни сме дека само  уреден и чист дом ни дава добро чувство и пријатна атмосфера.
Веќе ни е добро познато  дека чистотата е половина здравје. Испитувањата покажале дека  еден метар кубен на внатрешениот  воздух содржи милиони честички прашина, а стандардната домашна валканост се состои од бацили, честичкии, влакна, првут, пестициди и многу други бактерии. Затоа од голема важност е темелно да го исчистиме домот и да ја освежиме животната средина и простор.
Пред се, направите план и купете ги потребните средства за чистење, а потоа организирајте ја работата. Исперете ги завесите, така ќе внесете свежина во домот. Кога се во прашање теписите се препорачува да се однесат во сервис за перење на теписи, каде темелно ќе бидат исчистени. Прозорците избришете ги во текот на денот како би можеле да ги отстраните сите дамки кои се гледаат на сончева светлина. Потоа избришете прашина и отстранете ги непотребните предмети на кои се собира прашина. Чистењето на кујната секако е еден од најсложените процеси. Одледете го и исчистете го ладилникот, така ќе ја одржите свежината. Доколку е потребно, исчистете ги и останатите делови и елементи од кујната, како и електричните уреди. Кога е во прашање бањата, покрај  сите санитарии не заборавете ги и плочките. Внимавајте дека за секоја површина има соодветно  средство за чистење. Вратете го сјајот на керамичките површини и отстранете го бигорот од славините. На овој начин Вашата бања ќе добие свежина и сјај.
Во вашата dm продавница, помеѓу широкиот асортиман на производи за перење и чистење, одберете се што е потребно Вашиот дом да заблеска.

 

Denkmit

Единствениот прашок за алишта од 2,7 кг кој Ви нуди 40 перења!

Denkmit Oxi Power

Нови производи за специјална нега на Вашите алишта.

Сет за перење патики

Вратете го сјајот на Вашите патики во амо неколки чекори.