КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Karriere

Кариера што го следи мојот животен ритам

За компанијата

dm drogerie markt e еден од најголемите дрогериски ланци во Средна и Источна Европа. Првата продавница во Австрија е отворена во 1976 година во градот Линц. dm се развиваше и го освојуваше австрискиот пазар, па од 1993 година почна да се шири на пазарите во Унгарија, Чешка, Словенија, Словачка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, С.Македонија, Италија и Полска. Во С.Македонија успешно работиме од 2012 година.

Работа во dm инспирирана од животот

Ветувањето „Тука сум човек“ во dm не се однесува само на купувачите и партнерите. Ова посебно важи и за вработените. Работата е важен дел од животот. Затоа, секој во dm може да го пронајде својот индивидуален пат, со свое темпо. Без разлика дали станува збор за продавница или централа, сите вработени во dm имаат можност да работат самостојно и да се развиваат лично, со цел да ја обликуваат иднината заедно како тим.

  • 14 европски земји во кои dm успешно функционира.
  • 1976 година е отворена првата dm продавница во Австрија.
  • 2012 година е отворена првата dm продавница во Северна Македонија.

Нашата компанија е повеќе од само обичен работодавач

Нашето „НИЕ“ е она што прави разлика и во него секој вработен расте и придонесува.

Без разлика дали станува збор за продавница или централа, нашата цел е да дејствуваме во согласност со потребите на човекот и да му обезбедиме на купувачот единствено искуство за престој во продавниците на dm. Ова значи создавање средина во која е можен развој. Затоа постојано се подобруваме на сите полиња, од индивидуален и колективен напредок, сè до услуги и понуди, кои го следат ритамот на нашите купувачи во продавниците.

Кај нас човекот е во центарот на работењето

Ние во dm цврсто веруваме дека економијата треба да им служи на луѓето, а не обратно. Ова е причината зошто секој ден потврдуваме дека dm продавниците се нешто повеќе од продажба на кармини. Без разлика дали сте купувач, партнер или вработен.

Зошто dm е еден од најпосакуваните работодавци?

Принципот дека компанијата постои заради луѓето, а не обратно, за вработените значи низа придобивки кои го издвојуваат dm на пазарот на трудот. Атрактивни плати, разни активности насочени кон зачувување и подобрување на здравјето, курсеви и образование се само дел од придобивките што им се даваат на вработените во најголемиот ланец на дрогерии во Европа.

  • Дијалог и доверба
  • Разновидни mожности за развој
  • Модерно работно опкружување
  • Грижа за здравјето
  • Атрактивни приходи

Процес на селекција

По приемот, пријавите ги обработуваме и ги проследуваме до соодветниот сектор. Секој кандидат ни е важен, па сите пријави внимателно се разгледуваат. Во зависност од работната позиција, варираат и следните чекори во процесот на селекција.

Првиот контакт со вас е CV. Само по себе, важно е во CV-то да бидат сите релевантни информации за конкурирање на посакуваната позиција. Кандидатите кои ќе нѐ заинтересираат со својот профил, способности и квалификации, ќе ги контактираме и ќе договориме наредни чекори.

Следи запознавање. Преку тестирање, групен или индивидуален разговор, ќе имаме можност да се запознаеме подобро - како ние вас, така и вие нас и нашата компанија.

Ќе споделиме со вас како изгледа нашиот секојдневен труд и кои се работните задачи на распишаната позиција, а се радуваме на вашите прашања и заедничка размена на искуства. По истекот на конкурсот, на сите кандидати им испраќаме повратна информација за конкурсот, без оглед на исходот.

Се радуваме на средбата со вас и ви посакуваме многу успех!