Што треба да знаете за машкото (ментално) здравје?

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 3 Мин.

•

1/3/2024

dm

Веќе десетина години наназад месецот ноември станува познат како месец посветен на мажите и машкото здравје со едно многу симпатично но симболично име Мовембер. Позади овој префикс и ударните кампањи стои една многу силна порака и мисија - а тоа е да се крене свесноста за машкото физичко и ментално здравје. Свесни сме дека и двете се широки поими но статистиката во светки рамки вели дека околу 10 милиони мажи  се дијагностицирани со рак на простата, најчест вид на рак дијагностициран кај мажите помеѓу 15- 34 години е рак на тестиси и општото физичко здравје кај машката популација опаѓа и тоа води кон зголемување на кардиоваскуларните болести.

,,Мовембер е гласот на секој еден маж кој влегува во оваа статистика, а и на сите оние кои би можеле да влезат во неа.“

Менталното здравје секако не е изоставено, особено затоа што суицидалноста, депресијата и анксиозноста во светски рамки се позастапени кај мажите. Мојата пракса ми кажува дека мажите сакаат да зборуваат за менталното здравје и сакаат да работат на себе, но ако го споредам моето искуство со жените, за жал помалку се застапени. Баш неодамна имав еден отворен настан каде што зборувавме за траумата, болеста и исцелувањето и знаете што? За настанот имаше огромен интерес, затоа што секако темата е од особена важност и е многу популарна во последниве неколку години - но од сите посетители, на едната рака можев да ги избројам мажите кои беа присути (а присутни беа над 100 слушатели!). Во текот на дискусијата подоцна и една учесничка го постави истото прашање: Бојана, каде се мажите? Би сакала да прашам зошто на еден ваков настан повеќето од присутните се жени?!

Нашата земја е под едно поднебје каде што мажите се растени да бидат силни, да не пуштат солза, ако ги заболи да премолчат и ако нешто им тежи да сокријат во себе. Трансгенерациските пораки и обрасци ние не можеме да ги промениме преку еден ден, но и тоа како можат да се променат доколку се зборува за нив, се буди свесноста и се работи на личниот развој.

Ние овој месец ќе се дружеме во текот на кампањата: Прв брк, прв самопреглед и јас ќе се обидам да дадам повеќе одговори на сите оние прашања кои не збунуваат.

Самата идеја за Мовембер потекнува од слободен разговор помеѓу двајца пријатели во бар и за неколку години има силна мисија- до 2030 година да се намали смртноста кај младите мажи. Јас овој интересен факт до неодамна не го знаев, па првата помисла ми беше- колку убаво и колку генијално!

 Секако дека првиот разговор треба да биде помеѓу пријателите. Можеби и линкот што ќе ги поврзе првиот брк и првиот самопреглед е токму пријателскиот разговор.