КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Solen tart

Солен тарт со печурки и спанаќ

Посен рецепт за солен тарт, чие тесто е подготвено без путер и јајца! Во филот, иако нема сирење, павлака и јајце – тој е перфектно кремаст!

Потребни состојки за тестото (за калап 20-22 цм):

Подготовка

Измешајте ги во сад сите суви состојки. Додадете го кокосовото масло и напитокот и измешајте, а потоа замесете го тестото со раце. Развлечете го тестото врз хартија за печење и префрлете го во калапот. Избоцкајте го дното со вилушка. Ставете одозгора уште една хартија за печење и ставете грав (или нешто слично, кое ќе го притисне тестото) – па печете 15 минути во загреана рерна, на 180 степени.

Извадете го тестото, тргнете ја хартијата за печење и гравот – па ставете го подготвениот фил. Потоа допечете уште околу 25 минути, за филот да добие златна боја.

Потребни состојки за филот:

Подготовка

На масло испржете го кромидот, а потоа додадете го и лукот, чили пиперката и печурките. Кога ќе се пропржат, додадете го спанаќот и почекајте да спласне. Кога сè ќе се испржи убаво, тргнете го садот за готвење од шпорет.

Во блендер, измешајте го тофуто, напитокот од овес и сокот од лимон. Изблендирајте сè додека добиете хомогена смеса и по потреба додадете уште неколку лажици напиток од овес. Треба да добиете мазен крем, кој по густина потсеќа на крем сирење. Додадете го квасецот, брашното, сол, куркума, бибер и босилек – па изматете уште малку. Спојте го кремот со печурките и спанаќот. Ставете го врз полупечената кора и печете до крај (како што е погоре објаснето). Се послужува топло!

  1. dmBio куркума, 60 г

    dmBio

    куркума, 60 г

  2. dmBio кокосово масло, 620 мл

    dmBio

    кокосово масло, 620 мл

  3. dmBio куркума, 60 г

    dmBio

    маслиново масло, 750 мл

  4. dmBio кокосово масло, 620 мл

    dmBio

    тофу со бадем и лешник, 200 г

Крај на листата