beauty o clock

dm Beauty o’clock: Време е да се посветите на својата нега и убавина

Подгответе се за незаборвно одбележување на пролетта со нови трендови: Се дружиме на 14 мај во Ragusa 360 – Rooftop!

Кога температурите растат, тоа значи само едно! Време е за добро расположение, следење на трендови и креативност.  Како водечки трендсетер, на едно место ќе ги собереме вашите омилени брендови за шминкање и нега на лице, во шарена и разиграна атмосфера. Во вторник, 14 мај од 15:30 до 21:00 часот, Ragusa 360 – Rooftop ќе стане центар на светот за убавина, едукација за beauty трикови и врвна забава!

Со овој настан кој го организираме заедно со Школа за убавина Арт, која нуди професионални обуки за шминка, како и многу други од светот на козметиката и естетиката, одблиску ќе ви ја претставиме нашата нова услуга во дрогериите – бесплатно шминкање и советување!

Замислен како beauty евент, dm Beauty o’clock ќе им овозможи на присутните да научат многу нови tips&tricks за шминкање од нашите советнички за убавина, да добијат подароци и преку различни активности да стекнат знаење за се’ она што ги интересира поврзано со makeup светот. Покрај тоа, ќе имаат прилика да дегустираат вкусни dmBio закуски и уникатни коктели, да направат интересни фотографии во фото-корнерите, но и одлично да се забавуваат за што ќе се погрижи DJ!

dm Beauty o’clock вели дека е време да се посветите на ваша нега и убавина, а тоа ќе го направиме преку следната агенда:

  • 15:30  -  16:00  - Пристигнувате на настанот
  • 16:00 – 17:00  - Ја слушате презентацијата на трите beauty корнери, каде нашите советнички за убавина ќе објаснуваат различни техники за шминкање или го посетувате корнерот за нега на лице каде советничките за убавина бесплатно ќе го одредат типот на вашата кожа и ќе ви дадат совети и препораки за нега.
  • 17:00  -  Сега е време за главниот мастер-клас каде од едукатор од школата за убавина ,,Арт“ ќе предава како едноставно сами да направите Prom makeup!
  • 18:00 – 18:30 – Правиме пауза за закуска и пијалак
  • 18:30 – 19:30 - Ја слушате презентацијата на трите beauty корнери, каде нашите советнички за убавина ќе објаснуваат различни техники за шминкање или го посетувате корнерот за нега на лице каде советничките за убавина бесплатно ќе направат анализа на вашата кожа.
  • 19:30 – 21:00- Се забавуваме со DJ Панчо и вкусни коктели 

На beauty корнерите, совентичките за убавина ќе презентираат неколку различни техники за шминка: From day to night makeup; Smokey eye glam; Marilyn Monroe Iconic makeup look и Fresh look-daily glam.

Ова е настан кој е наменет за сите љубители на шминка кои сакаат да научат нешто повеќе, но и за оние на кои им е добро позната фразата ,,Само да отидам до dm по....“ или оние кои неретко кажуваат ,,Отидов по една работа до dm и се вратив со полни кеси...“ бидејќи ќе имате прилика да го искусите dm светот од еден сосема друг агол и да се препуштите на инспирацијата!