КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

На 24 ноември пошумуваме заедно за позелено утре!

Со гордост ви го најавуваме третото продолжение на нашиот проект „Пошумуваме заедно за позелено утре“! Овој проект го започнавме во 2022 година, а до сега посадивме речиси 60.000 нови садници. Оваа година имаме за цел да ја стигнеме спектакуларната бројка на 100.000 засадени дрвја!  

Започнавме во Скопје, со уредување на „Рајски парк“ во општина Аеродром, каде ќе засадиме повеќе 300 нови дрвја, а продолжуваме со хортикултурно уредување на дворовите на ОУ „Славејко Арсов“ и детската градинка „Сончогледи“ во Штип.   

Сезоната ја затвораме на 24 ноември, кога заедно со вас ќе реализираме уште едно масовно пошумување во близина на Велес во близина на езерото Младост, на површина која беше неодамна уништена од пожар.  

Во продолжение можете да ја погледнете агендата за 24 ноември 2024 година: 

  • 09:00 – 09:30 – Собир – Зборно место СЦ Борис Трајковски – Скопје. Автобусите со ознаки на dm ќе бидат паркирани пред пералната Gala Wash 

  • 09:30 – Поаѓање на автобусите 

  • 10:30 Пристигнување на локацијата 

  • 10:30 – 13:30 – Поздравување и активно садење 

  • 13:30 – 14:30 – Освежување и дружба; Поаѓање назад кон Скопје на локација СЦ Борис Трајковски

Локација на пошумување – Езеро Младост – Велес

Пошумуваме заедно! Засади денес, за позелено утре.

Главниот мотив за започнување на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре” лежи во стратешката определба, која постои уште од самото основање на нашата компанија,  да се грижиме за животната средина, а притоа да ги мотивира своите вработени, како и други поединци и компании да го сторат истото, придонесувајќи кон создавање на поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации. Не треба да го игнорираме фактот дека природата може без нас, но ние не можеме без неа. Должни сме да ги чуваме и да ги обновуваме природните ресурси, за да можеме адекватно да одговориме на сите предизвици што ни претстојат. А, тоа сакаме да го направиме преку зачувување и обновување на шумите, кои се нашиот главен извор на кислород и симбол на животот”.

  1. Пошумуваме заедно -1
  2. Пошумуваме заедно -2
  3. Пошумуваме заедно - 3

Крај на листата

Институционални партнери 

Со поддршка на нашите институционални партнери, ЈП Национални шуми, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоенженеринг „Ханс Ем“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои ќе дадат придонес со своето стручно знаење, со цел поуспешна реализација на целата кампања планираме успешна реализација на овој проект, кој оваа година започнува со локација во непосредната близина на автопатот Миладиновци-Штип, која е одбрана во заедничка соработка со стручните лица од ЈП Национални шуми и Факултетот за шумарство.